Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

СДСМ тврди: „Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта, вмешан кумот на Мицкоски“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryd6umtqh77367a677S8w

На денешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, обвини дека аферата со корупција во ИПАРД-фондовите не е изолиран случај, туку дел од системска злоупотреба што, според неа, води директно до врвот на власта и до луѓе блиски до премиерот Христијан Мицкоски.

Кузеска посочи дека, според информации добиени од свиркачи во Министерството за земјоделство, поранешниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, Илија Стоилев, бил активен функционер на ВМРО-ДПМНЕ и близок пријател на Игор Миќев, познат како „Панкерот“, за кого тврди дека е во кумовска врска со Мицкоски.

— реклама —

„Свиркачите укажуваат дека токму кумот на Мицкоски, преку својата позиција и влијание, вршел притисоци врз службеници за распределба на субвенции и концесии, а неговата сопруга – кумата на премиерот – вработена во Агенцијата, давала одобрение за исплата на средствата од ИПАРД-програмата,“ изјави Кузеска.

Таа побара од Обвинителството итно да ја прошири истрагата и да утврди дали, како што вели, дел од провизиите завршувале кај лица поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Мицкоски треба директно да одговори дали неговите кумашини Игор и Цветанка Миќеви се под истрага, и дали постоела шема за испумпување пари преку Агенцијата за финансиска поддршка. Земјоделците, кои се најголемите жртви на овие злоупотреби, заслужуваат одговори,“ порача Кузеска.

Од СДСМ потсетија дека партијата и претходно укажувала на, како што рекоа, рекет, мито и злоупотреби во институциите надлежни за распределба на европските средства, барајќи од надлежните органи да утврдат дали ИПАРД-фондовите биле користени и за партиско финансирање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

vlada-2024-mickoski

СДСМ со закон: Двојно државјанство да не можат да имаат ниту министри, ниту вицепремиери – од моментов!

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

СДСМ: Не се создадени услови за укинување на техничката влада и мора да остане

Македонија | пред 1 час

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 20 часа

media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања