Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев во посета на моторното одделение на МВР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
514248526_122156372396395429_2746939499209684824_n

Денеска (30.06.2025) директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев го посети моторното одделение при Одделот за обезбедување на личности и објекти во рамки на Бирото за јавна безбедност – состав од професионални, искусни и храбри полициски службеници.

При посетата директорот Јанев истакна дека нивната посветеност, долгогодишно искуство и дисциплина се од клучно значење, не само за безбедноста на патиштата и ескортното обезбедување на вип личности, туку и за пренос на знаење на помладите генерации преку обуки низ целата држава.

— реклама —

„До неодамна, оваа единица беше исклучена од редовни задачи за превенција и санкционирање на сообраќајни прекршоци. Но, со стартот на оперативната акција „Безбеден сообраќај“, негативната пракса е надмината, моторното одделение е целосно вратено во функција и повторно е присутно на терен во служба на законитоста, безбедноста и редот“, дециден беше директорот Јанев, укажувајќи им ја на колегите важноста на нивното континуирано и интензивно присуство во сите делови на државата, бидејќи видливоста на овие полициски службеници директно влијае врз зголемување на безбедноста и свеста кај учесниците во сообраќајот.

„Полицијата е горда на овие професионалци кои на две тркала секојдневно се грижат за животите на граѓаните и придонесуваат за развој на современа, одговорна сообраќајна култура, особено кај моторџиите, велосипедистите и корисниците на тротинети“, истакна Јанев.

— реклама —

Директорот ја потенцираше и обврската на секој полициски службеник, без исклучок, да биде активен чинител во заштитата на животите на граѓаните во сообраќајот.

„Секој полицаец мора да биде активен чувар на животите на сите граѓани, редот, јавниот интерес и во функција на заштитата на сообраќајната култура. Безбедноста на патиштата не е само техничка задача, таа е вредносна обврска што ја делиме сите, полицијата е првата линија на одбрана кога станува збор за сообраќајната култура“, заклучи директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryfgahgj8e42tl9m4VLLa

Посебен сообраќаен режим во Скопје во недела поради меморијална дуатлон трка „Ѓоко Кузмановски“

Македонија | пред 23 минути

— реклама —
media-libraryrs32c86tsk4aawdTXmk

(Видео) Уапсен скопјанец, пронајдени оружје, муниција и сомнителни материи

Македонија | пред 1 час

media-libraryrghoesd5noc53222E2m

Уапсени 12 возачи, еден со 3,95 промили алкохол и 11 без возачка дозвола

Македонија | пред 1 час

media-libraryk8387nohl9q59RkO77y

Уапсени двајца романски државјани по измама на 83-годишна скопјанка од околу 300.000 денари

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања