Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Додик во Сочи со Путин: време е Русија и САД да создадат комисија за Балканот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-librarym58n9spv3kn0fTS0uKP

Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи, каде го повикал да не го заобиколува Балканот во дијалогот со американскиот претседател Доналд Трамп и да помогне во изнаоѓање трајни решенија за регионот, јавува руската агенција ТАСС.

— реклама —

Додик во интервју по средбата, која се одржа во рамки на форумот „Валдај“, предложил формирање на посебно тело за стабилизација на регионот.

— реклама —

„Го замолив претседателот Путин да обрне внимание на прашањата што би можеле да имаат значајна улога во преговорите што Русија ги води со САД. Доколку се постигне договор меѓу двете сили, важно е Балканот да не остане надвор од тој процес. Најисправно би било Русија и САД, во рамките на еден заеднички договор, да создадат комисија за Балканот која би помогнала да се изработат трајни решенија и да се воспостави стабилност во регионот,“ изјави Додик.

— реклама —

Тој додаде дека со Путин разговарал и за економска, културна и спортска соработка, нагласувајќи дека во сегашните услови двете страни треба да го планираат развојот на меѓусебните односи. Како пример, Додик го спомна учеството на кошаркарски клуб од Република Српска во руската ВТБ лига.

Посебен акцент ставил на, како што рече, „стратешката поддршка на Русија во Советот за безбедност на Обединетите нации“, особено во однос на темите што се поврзани со Босна и Херцеговина.

Осврнувајќи се на неодамнешните инциденти со дронови во Европа, Додик ги оцени како „дел од глобалната провокација на Западот против Русија, што трае со децении“.

„Сите овие обвинувања дека Русија е агресор и дека претставува закана за Европа се лага. Русија е најблиску до концептот на просперитетна и богата држава. Нејзината специјална воена операција беше одговор на долгогодишните провокации и обиди на Западот да ја искористи Украина како инструмент против Москва,“ изјави Додик, додавајќи дека, според него, „тие планови пропаднаа“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 11 час

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 13 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 16 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања