Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Дронови ја надлетуваат Македонија за време на изборниот ден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
262886969_215755700709339_3424351090063217574_n

Министерството за внатрешни работи соопшти дека за време на локалните избори презема континуирани активности со цел изборниот процес да се спроведе безбедно и без нарушувања.

Според МВР, полициските службеници денеска се распоредени во близина на гласачките места и на клучните сообраќајни точки за да се обезбеди јавниот ред и мир. Во соопштението се наведува дека безбедноста на граѓаните ќе биде гарантирана преку стандардни мерки, мобилни тимови, пунктови и современа технологија, вклучително и употреба на дронови за воздушна контрола и навремена реакција во случај на инциденти.

— реклама —

„Полицијата ќе ги обезбедува гласачките места непрекинато од 6:00 до 19:00 часот, како и по затворањето, за време на броењето на гласовите и предавањето на изборниот материјал“, наведуваат од Министерството.

МВР апелира до граѓаните и политичките субјекти да придонесат за мирна и демократска атмосфера, да ги почитуваат насоките на полицијата и да се воздржат од активности што би можеле да го нарушат изборниот процес.

— реклама —

Полициските службеници имаат обврска да реагираат на секое нарушување на редот и, доколку е потребно, да ги отстранат неовластените лица во објектот каде што се гласа и во радиус од 100 метри околу него.

Во случај на инциденти, временски непогоди или други непредвидени околности, избирачките одбори можат привремено да го прекинат гласањето, кое потоа ќе продолжи за истото време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.

Покрај безбедноста на гласачите, полицијата ќе обезбедува и доверливост и сигурност на избирачкиот материјал до неговата предавање на општинските изборни комисии.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 16 часа

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 17 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 17 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања