Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ДУИ бара активирање на резервите и намалување на давачките за нафтените деривати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
benziska-guzva-goriva1

ДУИ ја обвинува владата за неуспешно справување со кризата со снабдување и растот на цените на горивата, нагласувајќи дека поскапувањето од 15 ден/л е удар за семејствата и бизнисите, и дека кризата била најавувана со недели, но институциите останале пасивни. Предлагаат: РКЕ да ја преиспита одлуката, државните резерви (за околу 62 дена) да се пуштат со максимум 71 ден/л, да се намалат фискалните давачки, да се замрзнат цени за претходно набавени количини, и да се санкционираат пумпите што не точеле гориво.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Состојбата со снабдувањето и цените на нафтените деривати уште еднаш го покажа целосниот неуспех на владата да управува и да ги ублажи последиците од една криза која беше најавувана со недели. Ова не е изолиран случај. Ова е дел од низа неуспеси во начинот на кој оваа влада се справува со секоја кризна ситуација: многу пропаганда, многу прес-конференции за обвинување на други, а речиси никакви конкретни мерки за заштита на граѓаните, велат од ДУИ.

„Од полноќ синоќа цената на дериватите е зголемена за 15 денари по литар, што претставува нов удар врз семејните буџети и врз бизнисите, особено во услови кога животниот стандард на граѓаните веќе е под силен притисок.

Развојот на настаните на меѓународните пазари и геополитичките тензии што влијаат врз цените на енергенсите не дојдоа ненадејно. Овие случувања беа најавувани со недели. Владата имаше доволно време да планира и да преземе превентивни мерки. Сепак, денес граѓаните се соочуваат со недостиг, неизвесност и раст на цените, додека институциите кои треба да реагираат остануваат пасивни.

Граѓаните на оваа држава не можат да бидат оставени на милост и немилост на случувањата што се одвиваат илјадници километри од нашата земја. Обврска на владата е да ги предвиди ризиците и да го заштити животниот стандард на граѓаните и стабилноста на економијата.

Како Демократска унија за интеграција, предлагаме итно да се преземат мерки преку Собранието и надлежните институции:
1. Упатуваме повик до Регулаторната комисија за енергетика уште од денес да преземе мерки и да ја преиспита вчерашната одлука.
2. Имајќи ги предвид изјавите на надлежните институции дека државата располага со резерви на нафта за околу 62 дена, овие резерви треба веднаш да се пуштат во промет со максимална цена од 71 денар по литар. Треба да се нагласи дека овие количини се набавени по уште пониски цени.
3. Владата треба веднаш да ја разгледа можноста за намалување на фискалните давачки за нафтените деривати, вклучително и акцизите и другите давачки, со цел стабилизирање на цените и заштита на стандардот на граѓаните.
4. Истовремено, инспекциските служби треба веднаш да утврдат колкави количини нафта имале бензинските пумпи пред понеделник во 00:00 часот и за тие количини да се воведе замрзнување на цените, бидејќи се увезени по пониски цени.
5. За операторите кои за време на викендот и во понеделник не точеле гориво на граѓаните, треба да следуваат соодветни мерки и санкции согласно законот.

Како држава не можеме да дозволиме некои да профитираат на грбот на граѓаните и на нашите производители. Во ваква ситуација е потребна итна реакција и сериозно управување со кризата.

Демократската унија за интеграција останува подготвена да поддржи секоја одлука што има за цел стабилизирање на пазарот и заштита на интересите на граѓаните и економијата на државата“, се вели во соопштението.


— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycok8bf9cdfd90dueSOW

„Неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот“, партијата на Ахмети „удира“ по Владата

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
ali-ahmeti

ДУИ бара итна оставка на Изет Meџити: Да не го држи народот во заложништво поради своите лични грешки

Македонија | пред 2 дена

27022024_VRSM_SEDNICA-3

Пак се прават „лом“ за полагањето на правосуден на албански јазик: За ВЛЕН е крив Џафери, за ДУИ криви се ВЛЕН

Македонија | пред 3 дена

media-libraryeajdf2kqgpndeEl5is8

Блерим Беџети доби кривична па вели: Но нека им биде јасно: јас не запирам, не се повлекувам

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања