Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ДУИ: Да се воведат максимални цени или да се утврдат ограничени маржи, за да се спречат злоупотреби со цените

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
244497752_222960099809695_4013329667676755550_n

ДУИ, преку Синан Вејсели, обвинува дека растот на цените и недостигот од реакција на Владата и Министерството за економија го влошуваат животниот стандард, особено во периодот на Рамазан и празниците. Велат дека нивниот предлог за зголемување на минималната плата и линеарно зголемување на платите бил одбиен. ДУИ предлага: ограничување цени/маржи за основни продукти, зголемување на минималната плата за 3500 денари од март, привремено намалување ДДВ на храна, ревизија на царински податоци за увоз, засилени инспекциски контроли и почесто усогласување на цените на горивата.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Животниот стандард на семејствата во државата секојдневно се влошува поради растот на цените и поради отсуството на институционална реакција. Наместо да се преземат мерки за заштита на граѓаните, Владата и Министерството за економија, предводено од претставници на ВЛЕН, покажуваат целосен недостаток на интерес и капацитет за справување со оваа состојба, вели Синан Вејсели од ДУИ.

„ДУИ предложи јасна мерка – зголемување на минималната плата и линеарно зголемување на останатите плати, како најправеден начин за заштита на животниот стандард на граѓаните. Овој предлог не беше прифатен. Како резултат, илјадници семејства денес се соочуваат со сè повисоки цени, додека нивните приходи остануваат исти.

Состојбата станува уште потешка во овој период кога семејствата имаат зголемени трошоци. Се наоѓаме во месецот Рамазан и пред празниците Бајрам и Велигден, период кога на граѓаните им е повеќе од потребна ценовна стабилност и поддршка од институциите. За жал, Министерството за економија се однесува како оваа криза воопшто да не постои.

ДУИ не останува само на критика. Ние предлагаме конкретни мерки што можат веднаш да се применат за да се олесни товарот врз семејствата.

Прво, да се воведат максимални цени за основните прехранбени производи или да се утврдат ограничени трговски маржи, со цел да се спречат злоупотреби со цените.

Второ, минималната плата да се зголеми за најмалку 3500 денари, почнувајќи од месец март, наместо симболичното зголемување од 1600 денари што е предвидено во моментот.

Трето, привремено да се намали ДДВ-то за основните прехранбени производи за период од три месеци, со цел веднаш да се намалат цените на пазарот.

Четврто, да се направи ревизија на царинските податоци за увозот на овошје и зеленчук, имајќи предвид дека земјата во голема мера зависи од увоз и дека евентуалните манипулации во овој сектор директно влијаат врз цените за граѓаните.

Петто, да се зголемат контролите од надлежните инспекторати на пазарот со цел да се спречат шпекулации и злоупотреби со цените.

Воедно, апелираме до Регулаторната комисија за енергетика почесто да ги разгледува цените на нафтените деривати, најмалку двапати неделно, имајќи предвид дека на меѓународните берзи веќе има значително намалување на цените. Секое доцнење во рефлектирањето на овие промени на домашниот пазар претставува дополнителен товар за граѓаните и за бизнисите.

Граѓаните имаат потреба од конкретни мерки, а не од институционална тишина. Владата треба веднаш да преземе чекори за заштита на животниот стандард на семејствата“, се вели во соопштението.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ahmetii

ДУИ со барање до Мицкоски да промени став: Овој став ја нарушувате суштината на Охридскиот договор и соживотот

Македонија | пред 2 дена

market-pari

ДУИ: Сумболично зголемување на платите, а трошоците за една година се зголемени за 6.000 денари

Македонија | пред 4 дена

media-librarykh057clltaiodsaXNw1

ДУИ: Производството на термоелектраните за јануари е намалено за цели 22.5%

Македонија | пред 4 дена

media-librarygghgbk7k3rvt1EnJ0Qh

ДУИ алармира: Систематизацијата во МВР ја загрозува етничката рамнотежа

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања