Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ДУИ: Министерот за здравство шета во Дубаи, додека децата умираат по болници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-11-11-093553

„Во изминатите месеци, здравствениот систем во Северна Македонија доживеа трагични настани кои длабоко ја потресоа јавноста. Необјаснивите загуби на животи на деца во Педијатриската клиника се јасен аларм за сериозната состојба во која се наоѓа нашето здравство“, велат од ДУИ.

— реклама —

„Дополнително, загрижувачки е да се забележи намерната тенденција за маргинализација и замена на албанскиот медицински персонал со македонски кадар, како што е последниот случај во Здравствениот дом во Куманово. Овие постапки не само што ја поткопуваат внатрешната кохезија на здравствените институции, туку и го нарушуваат квалитетот на услугите што им се нудат на нашите граѓани.

— реклама —

Во меѓувреме, министерот за здравство изгледа повеќе ангажиран во туристички патувања во Дубаи и партиски активности, занемарувајќи ги своите обврски кон граѓаните. Овој недостаток на посветеност и одговорност е неприфатлив, особено кога здравјето и животот на нашите деца се во опасност.

— реклама —

Покрај тоа, јасно е дека нелегитимниот министер за здравство, кој дејствува како марионета на ВМРО и е вклучен во корупција, покажува и висок степен на неспособност во управувањето со здравствениот сектор. Оваа комбинација на сервилност, корупција и неспособност води кон длабока криза, каде што нашите граѓани ја плаќаат највисоката цена.

Граѓаните бараат министерот за здравство веднаш да поднесе оставка и да преземе одговорност за овие сериозни неуспеси. Исто така, повикуваме на независна и транспарентна истрага за последните смртни случаи во Педијатриската клиника и на итно запирање на дискриминацијата кон албанскиот медицински персонал.

Време е да ги ставиме интересите на граѓаните и здравјето на нашите деца над личните амбиции и политичките агенди. Ние нема да останеме неми пред оваа неправда и ќе продолжиме да се бориме за здравствен систем кој им служи на сите граѓани, без разлика“, соопшти ДУИ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ahmetii

ДУИ со барање до Мицкоски да промени став: Овој став ја нарушувате суштината на Охридскиот договор и соживотот

Македонија | пред 2 дена

market-pari

ДУИ: Сумболично зголемување на платите, а трошоците за една година се зголемени за 6.000 денари

Македонија | пред 4 дена

media-librarykh057clltaiodsaXNw1

ДУИ: Производството на термоелектраните за јануари е намалено за цели 22.5%

Македонија | пред 4 дена

media-librarygghgbk7k3rvt1EnJ0Qh

ДУИ алармира: Систематизацијата во МВР ја загрозува етничката рамнотежа

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања