Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ДУИ обвинува за селективна правда, откако беше уапсен Бектеши по трагедијата во Кочани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-03-21-at-10.51.32

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува најискрено сочувство до семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани и ја споделува тагата со сите граѓани погодени од оваа несреќа.

— реклама —

„Во врска со одлуката на Јавното обвинителство за 30-дневен притвор на поранешниот министер Крешник Бектеши и други претставници на претходната влада, ДУИ сака да појасни неколку клучни аспекти пред јавноста:

— реклама —

Прво, концептот на „верижни пропусти“ што довеле до трагедијата не постои во терминологијата на кривичниот законик.

— реклама —

Секоја лиценца за вакви објекти се обновува на годишно ниво, земајќи ги предвид специфичните услови за таа година.

Затоа, неточно е да се тврди дека постои континуирана одговорност без прекин низ годините.

Второ, и најважно, во ноќта на трагедијата, клубот работел без никаква лиценца: веќе една година немал легитимна лиценца, а дури и фалсификуваната веќе била истечена.

Ова подразбира дека главната одговорност лежи кај оние кои требало да го спречат функционирањето на ноќен клуб без лиценца таа кобна ноќ.

Потребна е длабинска и непристрасна истрага за да се утврди како објект без лиценца можел да работи и да ги загрози животите на стотици млади луѓе. Трето, треба да се истакне дека издадените лиценци во минатото биле за кабаре, кое има специфични критериуми и ограничувања во бројот на дозволени лица.

Ноќен клуб е сосема поинаква категорија, и присуството на над 650 млади луѓе во таков простор е надвор од секој безбедносен стандард, што, пак, јасно упатува на свесна или несвесна негрижа изминатава година, од страна на бројни актуелни државни органи. ДУИ ја изразува својата загриженост за неприфатливата супремација на владата врз обвинителството, што ја наруши довербата во истражниот процес.

Фактот дека од 35-те приведени лица, само 1 или 2 се актуелни функционери, отвора сомнежи за селективна правда. Бараме правните процеси да бидат праведни, транспарентни и засновани на закон, а не врз пристап кој не постои во правната терминологија и кривичниот законик.

Во ова време на жалост, ДУИ не сака да влегува во обвинувања, туку има за цел да им објасни на граѓаните дека овој процес е неоснован, политички мотивиран и селективен, што може дополнително да ја комплицира и влоши ситуацијата.

Стоиме покрај граѓаните и погодените семејства, барајќи правда и транспарентност во расветлувањето на оваа трагедија“, вели ДУИ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ahmetii

ДУИ со барање до Мицкоски да промени став: Овој став ја нарушувате суштината на Охридскиот договор и соживотот

Македонија | пред 2 дена

market-pari

ДУИ: Сумболично зголемување на платите, а трошоците за една година се зголемени за 6.000 денари

Македонија | пред 4 дена

media-librarykh057clltaiodsaXNw1

ДУИ: Производството на термоелектраните за јануари е намалено за цели 22.5%

Македонија | пред 4 дена

media-librarygghgbk7k3rvt1EnJ0Qh

ДУИ алармира: Систематизацијата во МВР ја загрозува етничката рамнотежа

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања