Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ДУИ се жали на Стоилковиќ :Се однесува нехумано кон 76 вработени Албанци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
dui-

Откако Иван Стоилковиќ, заменик-претседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците, објави видео снимки од канцелариите на 76 вработени кои добија откази на кои се гледаат импровизирани места за одмор, чајници, тостери и папучи, реакција од ДУИ.

— реклама —

Партијата најостро го осудува, велат, нечовечкиот, понижувачки и дискриминаторски третман на 76 вработени во Министерството за меѓуетнички односи, сите Албанци, кои се повикани на работа и затворени во канцеларии без минимални човечки услови и без никакви работни задачи.

— реклама —

,,Сместувањето на десетици жени и мажи во три канцеларии, без столчиња, без работни маси, без компјутери, без елементарни средства и без каков било професионален ангажман, при што се принудени да стојат од 08:00 до 16:00 часот, претставува отворена форма на институционален мобинг и психолошка тортура.

— реклама —

Фактот дека овие вработени, за да го преживеат работниот ден, биле принудени да импровизираат седејќи на подот и носејќи ќебиња од дома, претставува државен срам кој го нарушува човечкото достоинство и ги крши сите законски, морални и европски стандарди.

Уште потешко е однесувањето по овој чин. Наместо институциите да преземат одговорност за нечовечките услови што ги создале, снимките од оваа состојба беа јавно злоупотребени за морален линч, додека Премиерот отиде дотаму што ги обвини овие вработени за „аморалитет“.

Станува збор за Албанки, за мајки, за сестри и сопруги, кои беа понижени од сопствената држава, а потоа и јавно нападнати од страна на првиот човек на Владата. Ова е премината црвена линија и не смее да се релативизира, оправдува или премолчува. Дополнително, во врска со овие настани се напаѓа и ДУИ, иако станува збор за државни службеници, на кои токму државата е должна да им обезбеди достоинствени услови и третман.

Премиерот има морална и политичка обврска веднаш јавно да им се извини на овие жени, на нивните семејства и на целата албанска заедница за навредливиот јазик и за легитимирањето на практика која потсетува на најмрачните методи на институционална дискриминација”, велат од ДУИ и бараат целосна политичка и административна одговорност за овој скандал, итен прекин на овој нечовечки третман и враќање на нормални и достоинствени услови за работа за сите вработени.

,,Државните институции не смеат да се претворат во простори за колективно казнување врз етничка основа. Човечкото достоинство не е привилегија, туку основно право кое не се преговара”, велат од ДУИ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ahmetii

ДУИ со барање до Мицкоски да промени став: Овој став ја нарушувате суштината на Охридскиот договор и соживотот

Македонија | пред 2 дена

market-pari

ДУИ: Сумболично зголемување на платите, а трошоците за една година се зголемени за 6.000 денари

Македонија | пред 4 дена

media-librarykh057clltaiodsaXNw1

ДУИ: Производството на термоелектраните за јануари е намалено за цели 22.5%

Македонија | пред 4 дена

media-librarygghgbk7k3rvt1EnJ0Qh

ДУИ алармира: Систематизацијата во МВР ја загрозува етничката рамнотежа

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања