Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ДУИ: Владата веднаш да запре со спроведување на руската агенда за дестабилизација на земјата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
dui-

„Демократската Унија за Интеграција изразува длабока загриженост за опасните политики на владата, кои не само што ја поткопуваат стабилноста на Северна Македонија, туку и се совпаѓаат со дестабилизирачка агенда која им служи на геополитичките интереси на Русија“, соопштуваат од ДУИ.

— реклама —

„Последните потези на владата, вклучително и обвинувањата против Албанците за кризи кои самата ги создава, покажуваат јасна стратегија која има две цели: да ги уништи темелите на Охридскиот рамковен договор и да го одвлече вниманието од неуспехот да ги реализира неопходните уставни измени за интегративниот пат кон Европската Унија.

— реклама —

Присуството на личности како заменик-претседателот на владата Стоилковиќ и неговата координација со дестабилизирачката агенда на политичари како Вулин, познат по своите блиски врски со Кремљ и обидите за поткопување на регионалната стабилност, е јасен доказ за директното влијание на Русија во овие процеси.

— реклама —

ДУИ нагласува дека Албанците отсекогаш биле гаранти за стабилноста и промотори на евроатлантските процеси во Северна Македонија.

Обидите да се портретираат како фактор на дестабилизација се неосновани и имаат за цел да ги прикријат неуспесите на владата и нејзината ориентација кон странски агенди.

Упатуваме апел до владата веднаш да го прекине овој неодговорен курс и да даде јавна отчетност за мотивите и последиците на овие политики. Албанците нема да подлегнат на овие намерни провокации и ќе продолжат да ја штитат стабилноста, мирот и евроатлантскиот пат на земјата.

Исто така, упатуваме апел до меѓународниот фактор внимателно да ги следи овие случувања и да интервенира за да спречи дестабилизирачките агенди да предизвикаат непоправлива штета на земјата и регионот.

ДУИ останува посветена на заштитата на стабилноста, Охридскиот мировен договор и евроатлантската интеграција, како столбови на заедничката и сигурна иднина на Северна Македонија“, се вели во соопштението на ДУИ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ahmetii

ДУИ со барање до Мицкоски да промени став: Овој став ја нарушувате суштината на Охридскиот договор и соживотот

Македонија | пред 2 дена

market-pari

ДУИ: Сумболично зголемување на платите, а трошоците за една година се зголемени за 6.000 денари

Македонија | пред 4 дена

media-librarykh057clltaiodsaXNw1

ДУИ: Производството на термоелектраните за јануари е намалено за цели 22.5%

Македонија | пред 4 дена

media-librarygghgbk7k3rvt1EnJ0Qh

ДУИ алармира: Систематизацијата во МВР ја загрозува етничката рамнотежа

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања