Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ДУИ за враќањето на Груби: Правдата мора да биде еднаква за сите, без двојни стандарди и политички влијанија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarybc6ifbqc6jbu205RmBc

Демократската унија за интеграција (ДУИ) позитивно ја оценува одлуката на нејзиниот висок функционер и поранешен вицепремиер, Артан Груби, да се врати во државата и да се соочи со институциите. Од партијата сметаат дека со овој чекор се отвора можност преку транспарентна, правична и непристрасна постапка да се изнесат сите аргументи и да се разјаснат сите отворени прашања поврзани со него.

— реклама —

Преку писмено соопштение, интегративците порачаа дека очекуваат правниот процес да се одвива според највисоките стандарди на владеењето на правото. Акцентот го ставаат на високата транспарентност во интерес на јавноста, но пред сè на целосното почитување на презумпцијата на невиност и заштитата на индивидуалните права.

— реклама —

„ДУИ останува непоколеблива во ставот дека правдата мора да биде еднаква за сите, без селективност, без двојни стандарди и без политички влијанија. Само правична и професионална постапка ѝ служи на вистината, на институциите и на довербата на граѓаните“, се наведува во партиското соопштение.

— реклама —

На крајот, од партијата нагласуваат дека поради високиот политички и јавен интерес за овој случај, раководството внимателно и будно ќе го следи процесот низ сите негови фази.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ahmetii

ДУИ со барање до Мицкоски да промени став: Овој став ја нарушувате суштината на Охридскиот договор и соживотот

Македонија | пред 2 дена

market-pari

ДУИ: Сумболично зголемување на платите, а трошоците за една година се зголемени за 6.000 денари

Македонија | пред 4 дена

media-librarykh057clltaiodsaXNw1

ДУИ: Производството на термоелектраните за јануари е намалено за цели 22.5%

Македонија | пред 4 дена

media-librarygghgbk7k3rvt1EnJ0Qh

ДУИ алармира: Систематизацијата во МВР ја загрозува етничката рамнотежа

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања