Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Двајца полицајци уапсени за филмскиот грабеж на златарница во Гостивар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarymuc7ujo03okl2ZXXuaP

Двајца полициски службеници од ОВР Кичево се уапсени поради сомнение дека учествувале во оружано разбојништво во златарница во Гостивар, при што беа одземени околу 18 килограми злато, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две лица поради сомнение дека како соизвршители учествувале во извршување на кривично дело ‘разбојништво’ по член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените се лишени од слобода во текот на вчерашниот ден“, велат од МВР.

— реклама —

Според истрагата, разбојништвото се случило на 10 октомври 2025 година, кога двајцата осомничени полицајци, заедно со засега непознати лица, влегле во златарница во центарот на Гостивар и со закана со огнено оружје ја ограбиле.

— реклама —

Осомничените, кои биле активни полициски службеници, претходно планирале и координирале дел од нападот. Тие извршиле извидување на локацијата два дена пред грабежот, следејќи го движењето и навиките на вработените во златарницата. На денот на нападот, со службено возило на МВР, го обезбедувале патот за движење на возилата користени при грабежот.

Едно од возилата потоа било пронајдено запалено на магистралниот пат Гостивар–Дебар, а другото напуштено во Кичево, во близина на сточниот пазар.

„МВР, во координација со Основното јавно обвинителство Гостивар, презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот“, соопштија од Министерството.

Според изворите, се трага по уште најмалку две лица кои се поврзуваат со грабежот, а истрагата треба да утврди дали биле вмешани и други припадници на полицијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 11 час

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 12 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 13 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања