Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Џолев доби унапредување – од шеф на Кривичен, во судија на Апелација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-04-30-at-12.07.23

Судскиот совет на денешната седница донесе одлука Иван Џолев, досегашен претседател на Основниот кривичен суд Скопје, да биде избран за судија во Апелациониот суд Скопје – кривичен оддел.

— реклама —

Со овој избор, Џолев преминува во втората судска инстанца по долги години минати во Кривичниот суд, каде што ја изгради својата професионална кариера. Тој беше именуван за претседател на Кривичниот суд Скопје во 2017 година, во период кога се најавуваа реформи во правосудството, по смената на дотогашниот претседател Владимир Панчевски, кој подоцна беше и осуден за злоупотреба на системот за распределба на предмети (АКМИС).

— реклама —

За време на својот мандат, Џолев ја водеше институцијата низ низа чувствителни и медиумски експонирани процеси, вклучувајќи предмети од СЈО, високи профилирани политички случаи и случаи поврзани со организиран криминал.

— реклама —

Неговиот избор во Апелација се толкува како професионален напредок, но и како значајно кадровско поместување во контекст на тековните реформи во судството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryp2dfqniqeossffhhmkH

Советот на обвинители ја одби Ленче Ристоска: Нема докази за политички притисоци

Македонија | пред 13 часа

media-library6sdah25mo14lbbf9Urj

Мицкоски го одби Савески за зголемен буџет за плати на обвинителите: Во тој дел нема да имаме разбирање, но за ресурсите – да

Македонија | пред 1 седмица

media-librarygvjkn3rgmo1q7gRNdgY

Ненад Савески избран за државен јавен обвинител, го поддржаа 66 пратеници

Македонија | пред 1 седмица

media-library271n70jac5nfbQSOCoz

Застој во борбата против криминалот: Пет обвинители кои гонеа организиран криминал останаа без мандат поради ненавремениот избор од Советот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања