Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Една година по трагедијата во Кочани – пожртвуваноста на здравствените работници нема да се заборави

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryu2iqdt7a2k7m9Yko8YU

Министерот за здравство Азир Алиу, една година по пожарот во Кочани, истакна дека државата не ја заборава пожртвуваноста на над 400 здравствени работници и помошта од пријателските земји. Тој нагласи дека системот поминал низ тежок процес од спасување до третман и рехабилитација. Посочи дека со силна меѓуинституционална координација 115 пациенти биле упатени на лекување низ Европа. Алиу подвлече и потреба од психо-социјална поддршка и јакнење капацитети за изгореници и масовни несреќи, со цел поотпорен здравствен систем.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека една година по трагедијата во Кочани државата не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и солидарноста што ја покажаа пријателските земји во лекувањето на повредените.

— реклама —

На отворањето на Меѓународната конференција посветена на институционалните и клиничките аспекти по пожарот во Кочани, министерот посочи дека здравствениот систем поминал низ исклучително тежок период – од првичната интервенција и спасувањето на повредените, до нивниот третман, рехабилитација и подготовка на системски решенија за идни кризни ситуации.

— реклама —

„Посебна благодарност упатувам до повеќе од 400 здравствени работници од јавните и приватните здравствени установи во нашата држава, кои во тие денови работеа со исклучителна пожртвуваност, концентрација и професионализам. Во мигови кога секоја минута значеше надеж, вие бевте вистински партнери во борбата за секој човечки живот“, истакна Алиу.

— реклама —

Тој нагласи дека голем број тешко повредени пациенти биле транспортирани на лекување во странство, при што посебна благодарност упати до медицинските тимови од странските медицински центри.

Министерот ја истакна и координацијата меѓу институциите, посочувајќи дека преку заедничка работа на кризните штабови на Министерството за надворешни работи и Министерството за внатрешни работи бил воспоставен висок степен на меѓуинституционална соработка.

Благодарение на таа организираност, 115 пациенти биле безбедно упатени на лекување во здравствени установи низ Европа, во услови кога секоја одлука морала да биде донесена брзо и прецизно.

Алиу посочи дека трагедијата во Кочани покажала дека последиците од вакви настани не се само физички, туку оставаат и длабоки психолошки траги кај повредените, нивните семејства и пошироката заедница.

„Психолошката и психо-социјалната поддршка ја третиравме како составен дел од здравствениот одговор. Искуството од Кочани отвори потреба од дополнително јакнење на капацитетите на медицинските тимови за третман на тешки изгореници, масовни несреќи и долготрајна рехабилитација“, рече министерот.

Тој заклучи дека најголемата обврска кон жртвите и повредените е изградба на посилен и поотпорен здравствен систем кој ќе реагира навреме и ќе обезбеди највисоко ниво на грижа за секој граѓанин.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8gruo8s69dvq5WLztRF

Алиу: Со новиот Закон за лекови побрзи постапки за одобрување и регистрација на лекови, и зајакнување на контролата за квалитет и безбедност на фармацевтските производи

Македонија | пред 3 дена

operacija

Драстични разлики меѓу докторите: Од 1.134 до нула операции за шест месеци

Македонија | пред 3 дена

media-libraryp1mo4if7a6ovfBUvm28

Алиу воведува тригодишни јавни набавки за лекови за ретки болести, Намалена цена на лекот OXLUMO, заштеда од околу 68.600 евра

Македонија | пред 1 седмица

media-library1u3ki3hab4lc2LrThRc

Алиу: Соработка со Меѓународен универзитет Визион со цел унапредување капацитетите во здравствениот систем

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања