Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Ексградоначалникот на Кичево Дехари осомничен е за злоупотреба на 1,6 милиони евра преку тендер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library27j9tnfkqglb3UimxLd

ОВР Кичево поднесе кривична пријава до ОЈО Кичево против Ф.Д. (51), градоначалник на Кичево, за продолжено дело „злоупотреба на службена положба“, и против Б.К. (46) за „несовесно работење во службата“. Според истрагата, Ф.Д. во период 2021–2025 при подготовка и спроведување на ЈПП за улично осветлување (договор од 08.11.2021) прекршил одредби од законите за ЈПП и јавни набавки, со цел договорот да го додели на блиски лица и да се стекне противправна корист. Наводно е нанесена штета на буџетот од околу 1.621.013 евра. Б.К., како раководител за финансии и претседател/член на комисии, пропуштил надзор и несовесно постапувал, дозволувајќи прибавување корист на штета на општинскиот буџет.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од Кичево заради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба“ (по чл. 353 став 5 во врска со став 1, во врска со чл. 45 од КЗ на РСМ), како и против лицето Б.К.(46) од Кичево а заради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“ (по чл. 353 в, став 1 во врска со чл. 45 од КЗ на РСМ).

Според документираните сознанија од истрагата првопријавениот во својство на градоначалник на општина Кичево, односно како службено и одговорно лице, свесно и со умисла, извршил повеќе временски поврзани дејствија. Притоа во периодот од април 2021 година до ноември 2025 година во рамки на подготвувањето, распишувањето и спроведувањето на Договорот за јавно приватно партнерство за модернизација на системот за јавно улично осветлување на ЕЛС Општина Кичево, склучен на ден 08.11.2021 со конзорциум од три правни лица две од Кичево и едно од Гостивар прекршил законски одредби содржани во Законот за концесии и Јавно приватно партнерство, како и одредби содржани во Законот за јавни набавки. И на тој начин како договорен орган практично преземал противправни дејствија со цел Договорот за модернизација на уличното осветлување во град Кичево да го додели на нему блиски лица, а со намера за стекнување на противправна имотна корист од големи размери.

— реклама —

На тој начин, првопријавениот Ф.Д. нанел материјална штета на буџетот на ЕЛС општина Кичево, од околу 1.621.013,00 евра (или 99.692.345,оо денари), еднаков на износот на исплатените месечни ануитети на конзорциумот приватни фирми до поднесувањето на пријавата.

Второпријавениот пак Б.К. пак, во својство на службено лице, вработен во општинската администрација како раководител на Сектор за финансии, воедно и именуван како претседател на Комисијата за спроведување на постапката за Јавно приватно партнерство и именуван втор член на Комисијата за следење, верификување и исполнување на Договорот за ЈПП, во истиот временски период од 2021 до 2025 година, пропуштил должен надзор и несовесно постапил во вршењето на своите овластувања и должности. Така што на тој начин дозволил од своја страна да биде прибавена корист од големи размери на штета на буџетот на Општина Кичево.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 13 часа

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 14 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 14 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања