Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЕУ трајно ги замрзна руските средства

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarysumc4g4fe07n7WaGRu1

Државите членки на ЕУ, со исклучок на две, денеска преку писмена постапка ја одобрија одлуката за подолготрајно замрзнување на рускиот имот, што претставува клучен предуслов за одобрување на репарацискиот заем за Украина. „Писмениот процес е завршен, 25 држави за, две против“, изјави европски дипломатски извор, без да ги наведе кои две држави биле против.

— реклама —

Станува збор за клучен дел од предлогот на Европската комисија замрзнатиот руски имот да се користи како основа за репарацискиот заем за Украина.

— реклама —

Досега секоја членка можеше да го блокира продолжувањето

— реклама —

Санкциите против Русија, вклучително и замрзнувањето на средствата на Руската централна банка, според правилата на ЕУ мора да се обновуваат на секои шест месеци и тоа едногласно, што значи дека која било членка можеше да го блокира продолжувањето.

Во случај на таква блокада, рускиот имот би бил автоматски одмрзнат, а товарот за отплата на заемот би паднал врз земјите членки. Сега Комисијата предложи употреба на член 122 од Договорот за функционирање на ЕУ, кој предвидува можност во итни ситуации одлучувањето со консензус да се замени со одлучување со квалификувано мнозинство.

Комисијата предложи уредба врз основа на член 122 со која би се забранил трансферот на руските средства додека не се реши прашањето за штетата што руската агресија ѝ ја нанесе на Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 8 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 10 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 12 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања