Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЕУ заговара „прва и втора лига“ на земји членки, а еден од говорниците таму рече „тоа што и го правите на Македонија е криминал“, посочи Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarypq0dvrui93qffoyBpOO

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Македонија е „жртва на булинг“ од членки на ЕУ кои го условуваат евроинтегративниот процес со политички барања (промена на Устав, банкноти, знаме), наместо со реален напредок. Тој критикуваше дека дел од поранешните власти, за да останат на власт, биле подготвени да прифатат сè поради неуспех во борбата со криминал и корупција. Мицкоски ја обвини СДСМ за ширење лажни вести и политичка криза. Предупреди и за иницијатива во Брисел за „прва и втора лига“ земји во ЕУ, оценувајќи дека тоа може да го загрози статусот на кандидатките и повика на трпеливост и мудрост.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Македонија е жртва на булинг од земји членки кои го условуваат евроинтегративниот процес, изјави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека земјата не се вреднува според напредокот, туку според политички услови.

— реклама —

„Не се цени според напредок, туку тоа дали ќе го промениме Уставот, банкнотите, знамето итн. И колку повеќе тоа го игнорираме, толку потежок ќе биде тој пат и толку повеќе препреки ќе имаме. Јас сум свесен дека можеби дел од политичките гарнитури од минатото имале добри политички намери, но има и такви кои од неуспехот да се справат со криминалот и корупцијата, неуспехот кој го имаа дома, беа донесени до ѕид и побараа бел лист хартија и рекоа дајте да потпишеме сѐ што треба, за да останеме на власт“ рече премиерот Мицкоски.

— реклама —

Во однос на актуелните политички состојби, премиерот упати критики кон СДСМ, обвинувајќи ја опозициската партија за ширење лажни вести и оценувајќи дека е во политичка криза.

— реклама —

„Од СДСМ денеска гледаме гранапче кое се занимава со лажни вести, и е на прагот на истчезнување. Затоа оваа генерација треба да биде свесна за овој предизвик и да биде свесна за уште еден предизвик, а тоа е последната иницијатива која се зборува во Брисел“, рече тој.

Мицкоски се осврна и на, како што рече, иницијативата што се разгледува во Брисел за „прва и втора лига“ земји членки на Европската Унија, предупредувајќи дека ваквиот концепт отвора прашања за идниот статус на земјите кандидатки.

„Имаше многу влијателни членови на Влади, и еден од говорниците рече 'Тоа што и го правиме на Македонија е криминал'. И тоа нема никаква врска со вредностите. Затоа и добро треба да размислиме за ова прва и втора лига земји членки, со многу заштитни механизми и да донесеме одлука што мислиме и како мислиме. Треба да сме свесни со сите овие предизвици во годините што следат. Ако живееме во фантазија, нема да можеме да најдеме соодветно решение. Ова се историски моменти во политиката а тие знаат да траат со децении, а некогаш и векови. Затоа народот треба да е трпелив и мудар. А за еден народ нема полошо од корумпирани лидери на таа нација. И тие се тие кои нѐ доведоа во оваа ситуација. Наместо да гледаме во иднината, ние толкуваме чии биле учителите и нивните ученици, а меѓу нас нема некој да просведочи која била вистината“, рече Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 2 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 5 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 12 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања