Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: Цените растат, владата на Мицкоски не презема ништо 

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
market-4

Венко Филипче (СДСМ) изјави дека од денес повторно се зголемени цените на горивата, вторпат сериозно, и ја обвини Владата дека не презема мерки за заштита на стандардот, за разлика од земјите во регионот. Тој тврди дека само поради поскапувањето на дизелот граѓаните за една недела платиле 3 милиони евра повеќе, а со новото поскапување трошокот ќе порасне на 4,5 милиони евра неделно. Го критикуваше и премиерот Мицкоски за најавено поевтинување, а реално поскапување. Филипче најави дека СДСМ ќе поднесе пакет закони за намалување на цените на горивата и храната и за преполовување на патарините.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Од денеска повторно има покачени цени на горивата во земјава и ова е второ сериозно покачување на цените на горивата, а владата не презема буквално ништо да го заштити стандардот на граѓаните“, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека сите земји од регионот веќе преземаа мерки за да им помогнат на граѓаните, само нашата влада не презема ништо.

— реклама —

„Нема најава за никакви мерки коишто во оваа тешка криза ќе им помогнат на граѓаните полесно да живеат. Не прават ништо, не се грижат за граѓаните, се грижат само за сопствените бизниси и за сопствените тендери. И ова не е нешто ново, тоа го прават изминатите две години во континуитет“, рече Филипче.

— реклама —

Притоа, Филипче укажа дека според проценките согласно потрошувачка на деривати, само за една недела, граѓаните платија 3 милиони евра повеќе само со покачувањето на цената на дизелот.

— реклама —

„Со новото поскапување, неделно тоа ќе ги чини граѓаните повеќе 4,5 милиони евра, пари коишто ќе бидат одземени од граѓаните и компаниите.Иако премиерот Христијан Мицкоски најавуваше дека горивата ќе поевтинат и дека ќе се намалат некаде за 2,5 денари по литар тие поскапеа за 7 денари. И тоа не е ништо од премиерот, секој ден му е само една нова лага “, рече Филипче.

На прес-конференцијата Филипче најави дека СДСМ во Собранието ќе поднесе пакет законски решенија за намалување на цените на горивата и на храната, како и законско решение за преполовување на цените на патарините.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Со Мицкоски нема ЕУ – следуваат децении сиромаштија и иселување

Македонија | пред 11 час

media-libraryhrf77p58a3h8cbk83Qn

Филипче: Предавничката ЗНАМ која е подизведувач на ВМРО се распаѓа!

Македонија | пред 2 дена

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Недозволиво е премиер да нарачува работа на јавен обвинител од собраниска говорница

Македонија | пред 3 дена

media-librarysjgr3657qd6v89Q9M5z

Филипче: Мицкоски и Максим Димитриевски имаат исти карактеристики

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања