Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче и Мицкоски се договорија да соработуваат преку работни групи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
Screenshot-2025-04-03-at-15.55.53

Состанокот беше добар и конструктивен, оцени претседателот и пратеник од СДСМ, Венко Филипче по средбата со Христијан Мицкоски. Филипче рече дека се договориле со Мицкоски да формираат работни групи.

— реклама —

„Имавме навистина конструктивен состанок со премиерот, сметам дека и до него е стигнато барањето од граѓаните за заедничка работа во некои свери за подобрување на квалитетот на живот. Договоривме да работиме на начинот, да форимираме тела и работни групи за спроведување на реформската агенда. Значи првичните закони во делот на правосудството, понатаму енергетиката и некои работи околу стратешките движења во здравството. Ова е првичен состанок, да видме каква ќе биде методологијата“, рече Филипче.

— реклама —

Тој рече дека немаат договорено следна средба, но дека ќе делегира стручни лица од енергетиката и правосудството. Посочи дека очекува сите политички партии да седнат на маса за овие теми.

— реклама —

„Разговаравме за Евроинтеграциите, имаме различни позиции, за ова дополнително ќе разговараме“, посочи Филипче.

Според него, следен логичен чекор е лидерска средба.

„Мислам дека со тоа што покажуваме свест, разум и слух за барањата на граѓаните и се обидуваме да воспоставиме нов модел на соработка во интерес на барањата на граѓаните, прво преку рефромската агенда, сметам дека е добар позитивен сигнал. Со ова сметам дека граѓаните треба да бидат свесни дека некој ги слуша нивните барања“, додаде Филипче одговарајќи на прашањето дали тој и Мицкоски имаат политички легитимитет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Со Мицкоски нема ЕУ – следуваат децении сиромаштија и иселување

Македонија | пред 18 часа

media-libraryhrf77p58a3h8cbk83Qn

Филипче: Предавничката ЗНАМ која е подизведувач на ВМРО се распаѓа!

Македонија | пред 2 дена

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Недозволиво е премиер да нарачува работа на јавен обвинител од собраниска говорница

Македонија | пред 3 дена

media-librarysjgr3657qd6v89Q9M5z

Филипче: Мицкоски и Максим Димитриевски имаат исти карактеристики

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања