Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: Луѓето не може да преживеат, a што им вика премиерот јадете помалку или не одете на одмор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryfig25c1radso5OfRDpa

Венко Филипче во „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека минимална плата од 600 евра е неопходна поради тешката економска состојба и растот на трошоците, со најави за нови поскапувања. Тој ја критикуваше власта дека нуди мали покачувања и им дава неадекватни совети на граѓаните. Филипче рече дека власта бара изговори да не ја покачи платата и дека СДСМ континуирано предлага поголемо зголемување, најавувајќи поддршка за протестите. Додаде дека СДСМ претходно значително ја зголемил минималната плата, додека сегашната власт не направила поместување.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, нагласи  дека зголемувањето на минималната плата на 600 евра е реална потреба и е неопходно за да се подобри животниот стандард на граѓаните. Филипче нагласи дека граѓаните се соочуваат со сериозни економски притисоци и дека е неопходна вистинска поддршка за работниците.

„Луѓето не може да преживеат, реални потреби имаат, не може крај со крај да врзат. А што им вика премиерот јадете помалку или не одете на одмор, тоа ли е одговорна власт, тоа ли е тоа што луѓето сакаат да го видат. Се предвидува и друга криза сега со кризата во Иран, ќе се зголемат цените  на храната, што ќе прави Христијан сега, ќе вели не 1600 денари туку 1800 денари. Сега е 400 евра минимална плата ниту 3 не се доволни да се преживее месецот“, рече Филипче.

— реклама —

Тој додаде дека власта постојано бара изговори за да не ја покачи минималната плата на 600 евра.

— реклама —

Излегува премиерот и им  кажува на работниците вашиот човек кој што ја правел синдикалната кошничка кажал дека одморот е дел, а не е дел итн. Се бараат изговори за да не се направи нешто или за да им се помогне на граѓаните, за власта е првото сценарио. Само изговори за да не им се излезе во пресрет на граѓаните“, рече Филипче.

— реклама —

Во интервјуто Филипче посочи дека СДСМ и како власт и како опозиција постојано предлага решенија за зголемување на минималната плата кои власта упорно не ги прифаќа.

Дадовме предлог за 600 евра да се зголеми, нека ја зголемат 10.000 деари нека ја зголемат 8.000, 6.000 денари, а не 1600 денари. Не им е доволно на луѓето па нормално веќе протестираат и нормално дека ќе ги поддржиме“, изјави Филипче.

Филипче посочи дека политиките на СДСМ за поддршка на работниците секогаш биле конзистентни, за разлика од  лицемерниот пристап на ВМРО-ДПМНЕ.

Минималната плата пристапот кон работниците е најдобриот пример за конзистентноста на нашите политики и лицемерните политики на ВМРО-ДПМНЕ зошто. Кога тие беа во опозиција ги поддржуваа нивните иницијативи за раст на минималната плата во период кога таа континуирано растеше. Да потсетам во првите години од власта на СДСМ значи 2017-2018 до некаде пред ковид времето минималната плата се зголеми за 60% за да после и повеќе од дупло порасне. Две години има оваа власт сега, пола од мандатот е веќе поминато не мрднала минималната плата. И сега кога тие се на власт и можат да им излезат во пресрет тие тоа не го прават“, рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Со Мицкоски нема ЕУ – следуваат децении сиромаштија и иселување

Македонија | пред 12 часа

media-libraryhrf77p58a3h8cbk83Qn

Филипче: Предавничката ЗНАМ која е подизведувач на ВМРО се распаѓа!

Македонија | пред 2 дена

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Недозволиво е премиер да нарачува работа на јавен обвинител од собраниска говорница

Македонија | пред 3 дена

media-librarysjgr3657qd6v89Q9M5z

Филипче: Мицкоски и Максим Димитриевски имаат исти карактеристики

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања