Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: Наместо мерки за граѓаните, власта сака да профитира од поскапувањето на горивата 

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Венко Филипче (СДСМ) обвинува дека владата, наместо мерки за заштита од ценовните шокови од поскапувањето на горивата, „профитира“ преку измената на правилата на РКЕ: цените да се пресметуваат еднаш неделно наместо дневно. Според него, тоа ги држи цените повисоки и кога светските цени паѓаат, со дополнителен товар од околу 3 милиони евра за 7 дена. Филипче предлага: ДДВ за енергенси од 18% на 5%, акциза пониска за 4 денари и 0% ДДВ за основни прехранбени производи, прашувајќи зошто владата ги одбива мерките.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Владата наместо да донесе мерки со кои ќе ги заштити граѓаните од ценовните шокови од поскапувањето на горивата, дополнително сака да профитира врз грбот на граѓаните, вели  во интервјуто за неделникот Фокус, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Тој посочува дека секогаш кога расте цената на нафтата, поскапува храната и сè друго, како продукти и услуги, а премиерот Мицкоски гледа само начин како да не им помогне на граѓаните.

— реклама —

„Дополнително, владата како да сака да профитира врз грбот на граѓаните. Регулаторната комисија за енергетика, во екот на нафтената криза, го смени начинот на одредување на цените на горивата, односно, наместо секој ден, во зависност од движењето на цената на нафтата на светските берзи, да се одредува и цената на горивата на домашниот пазар, сега со измените тоа се прави еднаш неделно, на 7 дена“, рече Филипче.

— реклама —

Тој додаде дека на овој начин, со новиот правилник и покрај тоа што цената на нафтата на светските берзи на почетокот на неделава се намали, треба да се чека цела недела за РКЕ да направи корекција..

— реклама —

„Кога цената на нафтата на светските берзи бележи пад, како што се случи на почетокот на неделава, кога се движеше од 84 до 86 долари за барел, што е поевтино во споредба со цената од 96 евра минатата недела, да важеше стариот правилник, РКЕ ќе ја намалеше цената на горивата и граѓаните ќе купуваа поевтин дизел и бензин. Сега, поради ваквите штетни одлуки, граѓаните цела недела плаќаат поскапи деривати“, рече Филипче.

По основ на оваа штетна и избрзана одлука како што кажа Филипче, ќе се соберат  околу три милиони евра повеќе за само седум дена.

„Кој има интерес од ова поскапување? Каде ќе завршат овие пари? Ова се пари на граѓаните, кои и сега едвај го поминуваат месецот. Која влада, наместо мерки за помош на граѓаните, носи контрамерки за да им одмогне? Ете тоа ВМРО - од каде што може да зграби повеќе. Граѓаните не смеат да трпат заради погрешните и непромислени одлуки на власта“, рече Филипче.

Во интервјуто тој посочи дека во името на СДСМ предложи неколку мерки за справување со ценовните шокови.

„Прво, намалување на стапката на ДДВ од 18 отсто на 5 отсто при промет на сите енергенси: дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас и метан. Намалување на акцизата за 4 денари. На овој начин директно ќе се намали цената на еден литар гориво. И во однос на цените на храната, предлагаме сведување на нула проценти ДДВ на основните прехранбени производи, за да се амортизира евентуален скок на цените на основните прехранбени производи. Зошто владата ги одбива?“, вели Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Со Мицкоски нема ЕУ – следуваат децении сиромаштија и иселување

Македонија | пред 12 часа

media-libraryhrf77p58a3h8cbk83Qn

Филипче: Предавничката ЗНАМ која е подизведувач на ВМРО се распаѓа!

Македонија | пред 2 дена

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Недозволиво е премиер да нарачува работа на јавен обвинител од собраниска говорница

Македонија | пред 3 дена

media-librarysjgr3657qd6v89Q9M5z

Филипче: Мицкоски и Максим Димитриевски имаат исти карактеристики

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања