Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: Нема да дозволам ВМРО-ДПМНЕ преку поединци да ја дели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-libraryij4jka12lc2j20pwL2m

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека нема да дозволи, како што рече, обиди за внатрешно разнебитување на партијата преку поединци поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, Филипче оцени дека СДСМ се соочува со, како што рече, организирани обиди за внатрешна поделба.

— реклама —

„Нема да дозволам да ја делат СДСМ, затоа што имаме работа со криминална и корумпирана власт која не може да го спречи падот на анкетите. Таков пад на ВМРО-ДПМНЕ досега немало, а ние бележиме раст. Единственото што можат да го прават е да се обидуваат да ја делат партијата одвнатре за да владеат како што сакаат. Тоа нема да го дозволиме“, изјави Филипче.

— реклама —

Тој додаде дека, според него, вакви обиди биле присутни и во минатото, посочувајќи на политичките случувања во изминатите изборни циклуси.

„Такви процеси имаше и во 2021 година, во 2024 имавме силна националистичка и, како што ја оценувам, лажна кампања, а во 2025 година самиот Шилегов посочи дека не работел за СДСМ. Има и други луѓе кои не работеле за партијата на изборите. Тоа влијаеше на резултатите, но јас тоа повеќе нема да го дозволам“, рече Филипче.

Тој истакна дека пред СДСМ стои, како што наведе, сериозна задача поврзана со европската перспектива на државата, поради што, според него, е неопходно зачувување на единството во партијата.

„Се бориме за опстанокот и европската иднина на државата и нема да дозволам ВМРО-ДПМНЕ преку поединци да ја дели оваа партија“, потенцираше Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Со Мицкоски нема ЕУ – следуваат децении сиромаштија и иселување

Македонија | пред 11 час

media-libraryhrf77p58a3h8cbk83Qn

Филипче: Предавничката ЗНАМ која е подизведувач на ВМРО се распаѓа!

Македонија | пред 2 дена

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Недозволиво е премиер да нарачува работа на јавен обвинител од собраниска говорница

Македонија | пред 3 дена

media-librarysjgr3657qd6v89Q9M5z

Филипче: Мицкоски и Максим Димитриевски имаат исти карактеристики

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања