Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: По седум години раст на платите во здравството, ВМРО-ДПМНЕ го запре

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryrino5u5037me1ao9U0d

Ова власт секој ден покажува и докажува дека работи само за големите компании, за големите приватни болници, додека здравствениот систем тоне во хаос, а за граѓните ништо не се прави, изјави вечерва од Струмица, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

— реклама —

„Се отвора прашањето кого крои политики министерот за здравсто,за доброто на јавното здравство, на болниците, клиниките, здравствените установи или за доброто на приватните болници под влијање на неговите најблиски советници. Но тоа не не изненадува“, рече Фиипче.

— реклама —

Во изјавата за медиуми,Филипче посочи дека во секоја област од здравството има проблем кој директно го чувствуваат на свој грб граѓаните.

— реклама —

„Голем проблем во изминатиот период, се закажувањата на термините за различни снимања, хируршки интервенцији на пациентите. За жал, морам да кажам дека во здравствениот систем има огромни проблеми и огромни пропусти“, рече Филипче.

Тој додаде дека младите здравствени работници се оставени сами на себе, а здравстениот систем е без контрола.

„Се соочуваме со една ситуација во која што млади лекари и специјализанти се оставени сами на себе, без никаква подрошка, без никаква супервизија, и кога тие се впуштаат сами без контрола во работата, а здравствениот систем и министерството не прават ништо да го воспостават тој систем на контрола, се случуваат големи грешки“, рече Филипче.

Како што кажа Филипче, Владата на ВМРО ДПМНЕ не направи ништо за подобрување на статусот на здравствените работници, за разлика од времето кога Владата на СДСМ вложуваше и во здравствената инфраструктура и во покачување на платите.

„ Жалам што после оние политики во седумте години на владењето на СДСМ  кога направивме се, да ги зголимиме платите, примањата кај лекарите, медицинските сестри, оние коишто деноноќно работат за доброто на пациентите и успеавме да ги дуплираме, некаде да ги зголемиме и два и пол пати, сега овие година и пол власт на ВМРО-ДПМНЕ здравствените работници немаат никакви зголемувања. Тоа е еден доказ дека оваа власт не се грижи за доброто на работниците, ниту пак за државата. Жалам што во Министерството за Здравство, во главниот советнички тим на министерот, има лекари од приватните болници“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 12 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 14 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 17 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања