Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: Пораката од Брисел е јасна – Европа не сака „тројански коњи“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-library8hq3j8pg4vqe8YoVd7f

Венко Филипче оцени дека изјавата на еврокомесарката Марта Кос дека Европа не сака „тројански коњи“ е сериозно предупредување за Македонија и евроинтеграциите, поради загриженост за влијанија од трети земји. Тој се повика на извештајот на Томас Вајц, тврдејќи дека нема напредок во владеење на правото, судски реформи и борба против корупција, а слободата на говор е нарушена. Филипче обвини за медиумска и институционална контрола, нетранспарентен кредит од 1 милијарда евра и поврзаност на проекти со кругови блиски до Виктор Орбан, предупредувајќи на коруптивен модел.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека изјавата на еврокомесарката Марта Кос, според која Европа не сака „тројански коњи“, претставува сериозно предупредување за земјава и за нејзиниот евроинтегративен процес.

— реклама —

На денешната прес-конференција, Филипче истакна дека ваквите пораки укажуваат на загриженост во Европската Унија во однос на влијанијата од трети земји.

— реклама —

„Имаме сериозна изјава и предупредување од еврокомесарката Марта Кос дека нема место за нови членки врз кои Русија и други држави имаат влијание и дека Европа не сака тројански коњи. Тоа е многу сериозна и силна порака. По предупредувањето дека овде владее ‘српски свет’ во извештајот на Европскиот парламент, ова е уште една ваква порака“, рече Филипче.

— реклама —

Тој се осврна и на последниот извештај на известувачот на Европскиот парламент, Томас Вајц, посочувајќи дека во него се констатира недостаток на напредок во клучните области.

„Во извештајот нема напредок во владеењето на правото, реформите во правосудството и борбата против корупцијата и криминалот. Слободата на говор е сериозно доведена во прашање. Оваа власт носи резолуции со кои ѝ се ограничува просторот на опозицијата да говори за одредени теми“, изјави Филипче.

Тој додаде дека не може да се зборува за медиумска слобода кога, како што рече, значителен дел од медиумите се поврзуваат со интереси блиски до унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Не може да има слободни медиуми кога однапред се најавува кој ќе биде нов директор на МРТ. Се поставува прашањето дали тоа ќе биде човек близок до премиерот Христијан Мицкоски, со што ќе се воспостави целосна контрола. Во меѓувреме, со кредит од една милијарда евра, чија намена не е доволно транспарентна, се отвораат сериозни дилеми“, посочи Филипче.

Тој истакна дека сличен модел, според него, се применува и во енергетиката, инфраструктурата и телекомуникациите, каде, како што тврди, проектите се поврзуваат со компании блиски до кругови околу Орбан.

„Ова е уште еден показател во каква насока се движи државата под водство на ВМРО-ДПМНЕ – кон систем кој е подложен на корупција и криминал“, заклучи Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Со Мицкоски нема ЕУ – следуваат децении сиромаштија и иселување

Македонија | пред 12 часа

media-libraryhrf77p58a3h8cbk83Qn

Филипче: Предавничката ЗНАМ која е подизведувач на ВМРО се распаѓа!

Македонија | пред 2 дена

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Недозволиво е премиер да нарачува работа на јавен обвинител од собраниска говорница

Македонија | пред 3 дена

media-librarysjgr3657qd6v89Q9M5z

Филипче: Мицкоски и Максим Димитриевски имаат исти карактеристики

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања