Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: Слушајќи го алармот на граѓаните предлагам концепт за нов општествен и политички дијалог

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
Pretsedatel-Venko-SDSM

„После големата трагедија во Кочани, ја видовме реакцијата на граѓаните, револт, на места и бес. Би рекол сосема оправдано, бидејќи тоа што во изминатите 3 децении, тоа што се нарекува реформи, тоа што се нарекува транзиција, очигледно не го даде посакуваниот резултат“, претседателот на СДСМ, Венко Филипче и додава:

— реклама —

Системот на многу места очигледно не фукционира како што треба. Јавните сервиси немаат перформанс каков што граѓаните заслууваат.За тоа вина имаме сите политички партии, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, другите политички партии. Слушајќи го овој аларм и барање на граѓаните, слушајќи го и алармот што го покренуваат и компаниите и бизнисите, потребно е да се направи еден систем, една нова форма на политички дијалог, би рекол и општествен дијалог во којшто ќе се вклучат сите политички патии и други чинители во општеството. Да се изготват стратешки документи, ќе се направи стратегија а врз основа на која државата ќе функционира во следните повеќе од една деценија, деценија и пол или две децении. Многу повеќе од мандатот на која било влада и било која парија или коалиција да ја води таа влада бидејќи очигледно е дека во одредени области мораме да знаеме на кад одиме.

— реклама —

Во таа смисла, ќе напомнам неколку области во коишто сметам дека е многу битно да се комуницира и да се направи еден ваков пристап.

— реклама —

Прво е образованието. Ние немаме веќе деца да ги губиме со тоа што ќе одат во странство. Треба да го зајакнеме тој систем. Сме се обиделе и ние, се обидел и ВМРО-ДПМНЕ очигледно нема посакувани резултати.

Понатаму здравството. Не може само да посакуваме да бидеме здрави, тоа навистина го заслужуваме да го имаме. Тој јавен сервис мораме да го подобриме и здравството и образованието треба да ги тргнеме од дневно политичките пресметки, надмудрувања, математики и тоа да биде навистина стратешки интерес на државата.

Понатаму правосудното, неминовно е да се донесат реформската агенда во што пократок рок реформските закони во одреден систем во којшто ќе се постигне широк консензус не само политички туки и други фактори од делот на правосудството на коишто ова навистина им е експертиза.

Понатаму, заслужуваме да живееме во чиста животна средина да дишеме, а не загаден, токсичен воздух. Македонија има огромни природни богатства мора да најдеме начин да ги заштитиме и да ја исчистиме животната средина.

И последната работа, тоа што граѓаните најмногу ги иритира а тоа партизацијата и политизацијата. Мора да ги ослободиме институциите од канџите на политиката и паријата за да младите луѓе имаат навистина добар, компетитивен мерит систем и на тој начин да се вработуваат и напредуваат поради тоа што само на тој начин можеме експертизата да ја издигнеме на соодветно и заслужено ниво.

Во таа смисла, добро е на овие теми да седнат лидерите на сите партии. Може за почеток на парламентарните партии. Ги видов реакциите, го видов и одговорот на премиерот и би му го образложил овој план и подетално на средба во следните денови.

Се надевам дека после тоа, врз основа на ова што сега го образложив ќе се приклучат и другите политички партии и сметам дека е крајно време, премногу време е поминато за ние да зборуваме дека нешто треба да се промени и видовме како трагедијата во кочани на површина извади многу системски пропути и мислам дека е крајно време сите да седнеме и заедно да работиме за доброто на државата.

Линк до видео:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Со Мицкоски нема ЕУ – следуваат децении сиромаштија и иселување

Македонија | пред 18 часа

media-libraryhrf77p58a3h8cbk83Qn

Филипче: Предавничката ЗНАМ која е подизведувач на ВМРО се распаѓа!

Македонија | пред 2 дена

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Недозволиво е премиер да нарачува работа на јавен обвинител од собраниска говорница

Македонија | пред 3 дена

media-librarysjgr3657qd6v89Q9M5z

Филипче: Мицкоски и Максим Димитриевски имаат исти карактеристики

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања