Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: Струмица станува првата општина во регионот со електричен и еколошки јавен превоз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6530

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска во Струмица присуствуваше на промоција на новите електрични автобуси за јавен превоз во општината. Вредноста на инвестицијата е 7 милиони евра, пари обезбедени од буџетот на оптина Струмица, а капацитетот на секој автобус е за 48 патници. Еден месец превозот ќе биде бесплатен, а потоа цената на билетот ќе биде 30 денари. Јавниот превоз е наменет за жителите на градот, околните населени места и за учениците. Претседателот на СДСМ, Филипче, во изјавата за медиуми истакна дека со овој проект Струмица е првиот град во земјава и на Балканот со обезбеден електричен и еколошки јавен превоз.

— реклама —

„Ова е еден сеопфатен проект во кој што се мислело на многу аспекти. Ова е еден проект кој што е императив на многу европски градови, да има електричен превоз, да се поврзат подобро градските населби помеѓу себе, приградските населби, селата со градот. При тоа, се обезбедува бесплатно возење за одредени категории граѓани, како за пензионерите, учениците, студентите. Обезбеден е посебен пристап во автобусите за лица со посебни потреби, како и посебно место за полнење на електричните автобуси, повторно обезбедено од обновливи извори на енергија, нешто што е цел на секој европски град согласно европската зелена агенда“, изјави претседателот на СДСМ, Филипче.

— реклама —

При тоа, Филипче потенцираше дека овој проект во Струмица, реализиран од градоначалникот Коста Костадинов од редовите на СДСМ, е вистински доказ како треба да работат сите градоначалници и како треба да се грижат за потребите на граѓаните и подобрување на условите за живот во општините

— реклама —

„Сведоци сме на примери како се однесуваат други градоначалници. Како лош пример, чиста спротивност на ова што сега се случува во Струмица, за жал е градот Скопје, затрупан во ѓубре, без доволно автобуси за јавен превоз. За жал тоа е еден целосно неодговорен однос на ВМРО ДПМНЕ и нивната градоначалничка Данела Арсовска“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Со Мицкоски нема ЕУ – следуваат децении сиромаштија и иселување

Македонија | пред 18 часа

media-libraryhrf77p58a3h8cbk83Qn

Филипче: Предавничката ЗНАМ која е подизведувач на ВМРО се распаѓа!

Македонија | пред 2 дена

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Недозволиво е премиер да нарачува работа на јавен обвинител од собраниска говорница

Македонија | пред 3 дена

media-librarysjgr3657qd6v89Q9M5z

Филипче: Мицкоски и Максим Димитриевски имаат исти карактеристики

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања