Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче тврди дека Шилегов одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а и Шилегов тврди дека Филипче се договара со ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-libraryrsq2gvq5gp92bOvwsja

Венко Филипче тврди дека Петре Шилегов „процесно одработува за ВМРО-ДПМНЕ“ и поттикнува внатрешни поделби во СДСМ, посочувајќи дека одлуката е донесена со консензус и дека партиското единство е клучно во борбата против власта. Шилегов возвраќа дека постои договор СДСМ намерно да остане слаба и ја критикува партијата како кадровски исцрпена. Тој го оспорува исклучувањето како спротивно на Статутот, повикува на разговор со членството во Карпош и бара раководството да се повлече.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека поранешниот градоначалник Петре Шилегов „процесно одработува за ВМРО-ДПМНЕ“ и придонесува за внатрешни поделби во партијата.

— реклама —

„Не станува збор за поинакво мислење, тоа беше сослушано. Станува збор за процесно одработување за ВМРО-ДПМНЕ и за внатрешна поделба на партијата. По сите проверки дојдовме до тој заклучок, а Извршниот одбор одлуката ја донесе со консензус“, изјави Филипче.

— реклама —

Тој нагласи дека единството на СДСМ е клучно во, како што рече, борбата против „криминалната и корумпирана власт“, додавајќи дека нема да дозволи партијата да биде поделена.

— реклама —

„Нема да дозволам ВМРО-ДПМНЕ преку поединци да ја ситни и дели партијата“, истакна Филипче.

Од друга страна, Шилегов возврати со остри критики, тврдејќи дека постои договор со кој СДСМ намерно се одржува во слаба позиција.

„Очигледно постои договор СДСМ да биде во ваква состојба, да ги промашува темите и да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да владее два мандата, за да не бидат предмет на истраги“, рече Шилегов.

Тој оцени дека партијата е „целосно кадровски исцрпена“ и дека значаен дел од влијателните кадри веќе не се дел од неа.

Шилегов го оспори и процесот за негово исклучување, тврдејќи дека е спротивен на Статутот.

„Исклучувањето го врши општинската организација, а не Извршниот одбор. Го повикувам Филипче да дојде во Карпош и да разговара со членството“, изјави Шилегов.

Тој порача дека ќе продолжи со својата политичка платформа и побара актуелното раководство да се повлече.

„Ќе го замолам ова раководство да си замине и да ја ослободи партијата. СДСМ не е сопственост на една групација“, нагласи Шилегов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 5 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 9 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања