Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: Веќе сега во буџетот недостигаат две милијарди евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library433ktv80uamrbhpEAQf

Филипче тврди дека избори ќе има кога ќе се исцрпат буџетските пари за тендери и ќе се ограничи можноста за нови задолжувања. Според него, во буџетот веќе недостигаат околу две милијарди евра, а терминот ќе зависи од темпото на тендери и нови кредити со високи камати. Тој ја обвини власта за политика „изолација, избори, па мигранти за пари“, посочувајќи на меѓународна изолација и блокада на ЕУ-процесот поради уставните измени. Предупреди и на намерни конфликти со соседите и можен нов изборен циклус за продолжување на владеењето.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Изборите ќе се случат во оној момент кога нема да има повеќе пари во касата за нови тендери за Мицкоски и нему блиските, кога ќе престане можноста за дополнителни задолжувања, рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во интервју за неделникот Фокус. Филипче укажа дека и во моментов буџетската дупка е продлабочена.

— реклама —

„Веќе сега во буџетот недостигаат две милијарди евра. Кога ќе пресушат сите ресурси – еве ни избори. Дали ќе бидат наесен или на пролет, сè зависи од брзината на распишување тендери и од брзината на добивање нови кредити со високи камати, кои ќе ги враќаат нашите внуци“, вели Филипче.

— реклама —

Во интервјуто, тој додаде дека политиката на власта е очигледна - изолација, избори, мигранти за пари. Филипче посочи дека државата веќе се соочува со процес на политичка и меѓународна изолација, што според него е резултат на промашените и неодговорни политики на Владата.

— реклама —

„Како што рековме изолација, избори, па мигранти за пари. Изолацијата е во тек, се спроведува. За американски визи сме ставени во група со земји од третиот свет, а Европската Унија директно вели нема понатамошно продолжување на преговорите додека не се донесат уставните измени. Од друга страна, Мицкоски вели дека нема разговори за тоа додека тој е на чело на влада “, рече Филипче.

Притоа, Филипче предупреди и намерно создаваните конфликти со соседните држави од страна на владата на ВМРО, што дополнително ја турка државата кон изолација, но и кон нов изборен циклус со цел продолжување на владеењето на актуелната власт.

„Намерно создавање конфликти со Грција и Бугарија. Вицепремиерот познат по своето директно учество во ширењето на руското влијание во Македонија, вели влегуваме заедно со Вучиќ во ЕУ, а тие објавија дека Србија застанала со евроинтеграциите поради донесување спорни закони во правосудството и не дека е стопирана, туку дека отишла наназад. Што ни следи потоа? Избори! За да се продолжи владеењето на овој режим уште четири години. Уште четири години тендери и луксуз. Да се обезбедат и правнуците. И, секако, тука е потребно да се обезбедат пари за тој луксуз, а тука доаѓа забранетата тема - мигранти, односно „економски работници“, нагласи Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Со Мицкоски нема ЕУ – следуваат децении сиромаштија и иселување

Македонија | пред 12 часа

media-libraryhrf77p58a3h8cbk83Qn

Филипче: Предавничката ЗНАМ која е подизведувач на ВМРО се распаѓа!

Македонија | пред 2 дена

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Недозволиво е премиер да нарачува работа на јавен обвинител од собраниска говорница

Македонија | пред 3 дена

media-librarysjgr3657qd6v89Q9M5z

Филипче: Мицкоски и Максим Димитриевски имаат исти карактеристики

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања