Во изминатите два дена се регистрирани повеќе одделни случаи на физичко насилство на подрачјето на Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.
На 21 април 2026 година во 19:30 часот во СВР Скопје, Т.К. (53) од Скопје пријавил дека околу 18:00 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Д.В. (48) од Скопје. Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Истиот ден, во 21:20 часот, во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир на подрачјето на Карпош, каде дошло до физичка пресметка помеѓу А.Д. (19) и И.Д. (24), двајцата од Скопје. И за овој случај ќе следува соодветен поднесок по негово целосно расчистување.
Претходно, на 20 април во 16:56 часот, Б.Л. (79) од село Арачиново пријавил дека во дворот од неговиот дом тој и неговиот син А.Л. (51) биле физички нападнати од две лица, кои употребиле и тврд предмет. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.