Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Фото) Лица од тетовско се заканиле со масовни убиства преку „Дискорд“, инспирацијa биле убиствата во училиште во САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarynidbne316col7h3fcSO

Две лица се лишени од слобода по полициска акција во тетовско, откако 20-годишник преку „Дискорд“ испратил закана дека е подготвен да изврши напад со огнено оружје. Против него е поднесена кривична пријава за „тероризам“, а против 89-годишник пријава за недозволено држење/тргување со оружје. Заканите биле испратени кон крајот на јануари, при што осомничениот навел дека има нарушено психичко здравје и како „инспирација“ го споменал масакрот во американско училиште од 2012 година. По информација преку Амбасадата на САД во Скопје и барање од ФБИ за итна идентификација на профилот, МВР во координација со обвинителството презело мерки за откривање на сторителот. На 17 февруари 2026 биле извршени претреси во Мала Речица со асистенција на единицата „Тигар“, при што биле пронајдени и одземени повеќе парчиња оружје и муниција (меѓу кои АК-47, пиштоли и голема количина куршуми), како и тактичка опрема, ножеви и електронски уреди за вештачење. Истрагата продолжува под надзор на надлежните обвинителства.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Две лица се лишени од слобода по полициска акција во тетовско, откако дваесетгодишник преку социјалната апликација „Дискорд“ испратил закана дека е подготвен да изврши напад со огнено оружје.

— реклама —

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за борба против тероризам до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против К.Х. (20) од Мала Речица за кривично дело „тероризам“ по член 394-б став 2 од Кривичниот законик. Дополнително, до Основното јавно обвинителство Тетово е поднесена пријава против 89-годишник за кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од КЗ.

— реклама —

Според информациите, осомничениот на крајот на јануари преку „Дискорд“ испратил сериозна закана дека ќе изврши напад со автоматска пушка АК-47, при што навел дека има нарушено психичко здравје. Како инспирација го споменал нападот од 14 декември 2012 година во училиште во САД, кога беа убиени 26 лица, меѓу кои и 20 деца.

— реклама —

По добиени информации од Амбасадата на САД во Скопје, дека Федералното биро за истраги побарало итно откривање на профилот од кој се испратени заканите, Министерството за внатрешни работи во координација со обвинителството презело мерки за идентификација на сторителот.

На 17 февруари 2026 година, полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, со асистенција на специјалната антитерористичка единица „Тигар“, извршиле претреси во дом и други простории во Мала Речица.

При претресите биле пронајдени и одземени повеќе парчиња огнено оружје и муниција, меѓу кои автоматска пушка АК-47 со две рамки и 40 куршуми калибар 7,62х39 мм, пиштол „М57“ со две рамки и 49 куршуми, пиштол „Чероки“ со две рамки и повеќе од 600 куршуми калибар 9 мм, тактички и борбени елеци, ножеви со различна должина на сечиво, како и електронски уреди кои ќе бидат предмет на вештачење.

Против дваесетгодишникот е поднесена кривична пријава за тероризам, додека против второто лице пријава за недозволено поседување и тргување со оружје. Истрагата продолжува под надзор на надлежните обвинителства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

falsifikt-evra

Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица

Македонија | пред 7 часа

pari-evra-policija

На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра

Македонија | пред 8 часа

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило

Македонија | пред 8 часа

media-library7mlppie6sdaa5jQszjZ

Насилен инцидент зад решетки: Осуденик повреден во Затвор Прилеп

Македонија | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања