Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Фото) Малолетник со автомобил прегазил пешак во Долно Коњари, повредениот се бори за живот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-librarydphh3e7c0lpo5vmaQPY

Малолетно лице управувајќи патничко возило предизвикало тешка сообраќајна незгода во скопското село Долно Коњари, во која сериозно е повреден пешак, кој се наоѓа во животно загрозувачка состојба.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата била пријавена денеска околу 11:30 часот. Според првичните информации, автомобил со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник, најпрво удрил во паркирано возило, по што продолжил да се движи и удрил во пешакот И.Ф.

— реклама —

Повредениот веднаш бил пренесен со возило на Итната медицинска помош во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Лекарите информираат дека неговата состојба е критична и дека се преземаат сите неопходни медицински мерки.

— реклама —

За настанот е известен дежурен јавен обвинител за малолетници, а полициските служби вршат увид и преземаат активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

falsifikt-evra

Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица

Македонија | пред 3 часа

pari-evra-policija

На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра

Македонија | пред 4 часа

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило

Македонија | пред 4 часа

media-library7mlppie6sdaa5jQszjZ

Насилен инцидент зад решетки: Осуденик повреден во Затвор Прилеп

Македонија | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања