Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Фото) Обвинителството не можело да го најде Хајрулахи, а тој истовремено им поднесува кривична пријава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
dfgasdf

Истрагата против суспендираниот шеф на вишото обвинителство, Мустафа Хајрулахи се ближи кон крајот, се пофали Основното обвинителство во Штип. За кривичната пријава која е поднесена против обвинителката која ја води истрагата, велат дека е притисок. Содржината не ја коментираат, со тврдење дека пријавата не е примена.

— реклама —

„До овој момент таква пријава не е примена. Доколку биде, истата ќе биде распоредена кај надлежен јавен обвинител. Основното јавно обвинителство Штип ја известува јавноста дека во постапката против осомничениот се постапува целосно согласно закон, а истрагата е во финална фаза. Надлежниот јавен обвинител не подлегнува на притисоци и испрати покана до осомничениот тој да даде исказ во своја одбрана, меѓутоа поканата е вратена со забелешка дека тој се иселил од адресата наведена за лицето во полномошното и во системот на МВР“, велат од Основното јавно обвинителство Штип.

— реклама —

Како ретко кога, штипското основно обвинителство ја сподели и поканата која што Хајрулахи не ја примил.

— реклама —

„Поради интересот на јавноста, Основното јавно обвинителство Штип ја објавува потврдата од неуспешната достава на покана за распит за г-динот Хајрулахи.  Заради заштита на личните податоци адресата е прикриена и е истата официјална адреса на конкретното лице“, додадоа од Обвинитлството.

Ова е ретка пракса, Обвинителство да испраќа материјали за да се докажува околу достава до обвинет. Најчесто, кога се бараат информации, обвинителствата не ги даваат во целост под изговор дека кога предметите се во истрага, таа е тајна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryp2dfqniqeossffhhmkH

Советот на обвинители ја одби Ленче Ристоска: Нема докази за политички притисоци

Македонија | пред 12 часа

media-library6sdah25mo14lbbf9Urj

Мицкоски го одби Савески за зголемен буџет за плати на обвинителите: Во тој дел нема да имаме разбирање, но за ресурсите – да

Македонија | пред 1 седмица

media-librarygvjkn3rgmo1q7gRNdgY

Ненад Савески избран за државен јавен обвинител, го поддржаа 66 пратеници

Македонија | пред 1 седмица

media-library271n70jac5nfbQSOCoz

Застој во борбата против криминалот: Пет обвинители кои гонеа организиран криминал останаа без мандат поради ненавремениот избор од Советот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања