Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(ФОТО) Хрватските репортери примија 5 деца во комбе: Таткото останува во војната, мајката е во Полска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Актуелно
dd7f163d-0119-4186-804f-01ee028afd5f

Од вчера изутрина од Киев патуваат телевизиските екипи на Н1, Нова ТВ и РТЛ. Се јавија неодамна, беа блиску до границата со Полска. Репортерот на Н1 откри дека во комбето примиле и пет деца. Таткото на три од петмината ги замолил да ги пренесат преку граница кај нивната мајка која е во Полска. Тој останува. Ќе се бори за Украина. Леона Шиљег од РТЛ изјави дека нивното комбе се заглавило во калта.

„Ова патување е многу тешко, сите прашуваат кога ќе стигнеме, колку време ќе трае. Но имаше и непредвидени проблеми. Нашето комбе се заглави, чекаме да не извлечат за да продолжиме понатаму. Се надеваме дека ќе го извлечеме ова комбе од калта, продолжи кон Полска“, изјави Леона Сиљег.

— реклама —

https://twitter.com/Ana_Mlinaric/status/1497566783347343368?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1497566783347343368%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fvijesti%2Fclanak%2Fhrvatski-reporteri-u-kombi-primili-5-djece-otac-ostaje-u-borbi-majka-je-u-poljskoj%2F2342880.aspx

„Илјадници луѓе во своите автомобили сега го чекаат третиот ден за да преминат од Украина во Полска. Можете да ја видите и оваа група млади луѓе кои решиле да ги земат куферите во рака и едноставно да одат до граничниот премин бидејќи е речиси овде е невозможно да се движат автомобили“, изјави Ана Млинариќ.

— реклама —

„Кога дојдовме до задниот дел од колоната, таа беше долга 40 километри, но сигурна сум дека се зголеми бројот на автомобили кои чекаат да ја поминат оваа граница. Успеавме да се пробиеме до 30-от километар од преминот и гледаме колку време сме тука, а тука сме веќе околу три часа, бидејќи оваа колона едвај се помести“, додаде таа.

Та вели дека биле шокирани што некои луѓе се во колоната се од четвртокот наутро, односно од моментот кога Путин ја започнал војната со Украина.

„Одлучија да одат на безбедно место и видовме многу семејства кои имаат паркирани автомобили од страна и кои сега ја поминаа границата, по третата ноќ  помината во автомобили чекајќи некако да се реши оваа ситуација. Има многу семејства со деца. Во комбето примивме и пет деца и ќе се обидеме да ги донесеме на граничниот премин. Нѐ праша полицијата. Мајката на децата е од другата страна на границата во Полска“, вели таа.

„Ќе се обидеме да се пробиеме до граничниот премин и да видиме зошто е толку долго чекањето, една од причините е сигурно бројот на луѓе. Овде има илјадници луѓе, илјадници семејства кои сакаат да поминат малку време на побезбедно место“, рече Млинариќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: „Победата е наша“

Свет | пред 1 ден

nafta

Русија го запира извозот на казахстанска нафта кон Германија

Свет | пред 1 ден

kremlj

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања