Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Фрчкоски: Бизнис комбинации на ВМРО и СНС, преку „Руднап“ и Адамовиќ до проектот „Белград на вода“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarynv3a0fcjmtlb1b7Z32l

Антикорупцискиот тим на СДСМ објави наводна бизнис мрежа на Христијан Мицкоски во енергетиката, поврзана со регионални интереси и офшор компании. Според Јон Фрчкоски, мрежата почнува од Душан Адамовиќ, именуван од Мицкоски за почесен конзул во Србија. Фрчкоски тврди дека преку Адамовиќ се стигнува до кипарска офшор „Altaria Research Limited“ и потоа до „Rudnap Group“ на Војин Лазаревиќ, со директни врски преку министерката Сања Божиновска. Наведува и партнерства со „Ал Дахра“ и проектот „Белград на вода“, најавувајќи нови откритија.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Антикорупцискиот тим на СДСМ (АКТ) ја објави бизнис мрежата на Христијан Мицкоски во енергетиката, која се поврзува со регионални бизнис интереси, офшор компании и влијателни економски проекти во регионот.


Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, истакна дека оваа мрежа започнува од Душан Адамовиќ, лице кое Мицкоски го назначил за почесен конзул во Србија.

— реклама —


„Започнува од едно име за кое Мицкоски не сака да се зборува – Душан Адамовиќ. Мицкоски го назначи за почесен конзул во Србија, а 15 дена бегаше од одговор за неговата поврзаност“, рече Фрчкоски.


Тој посочи дека токму преку оваа линија се отвораат врските со енергетскиот холдинг „Руднап“.

— реклама —


„Преку Адамовиќ, функционер на СНС – сестринската партија на ВМРО, доаѓаме до офшор компанијата од Кипар, од каде почнува одмотувањето на ова бизнис-енергетско клопче. Од офшор структурата на Кипар е компанијата „Altaria Research Limited“, која води до „Rudnap Group“, енергетски холдинг на српскиот бизнисмен Војин Лазаревиќ. Врската со Владата на Мицкоски е директна. Тука Мицкоски има уште еден свој човек – министерката за енергетика Сања Божиновска, која се поврзува директно со „Руднап“. Била извршен директор во „Руднап Груп“ и управител во „Руднап ДООЕЛ Скопје“, нагласи Фрчкоски.


Мрежата во Србија продолжува.

„Адамовиќ е партнер со „Руднап“, каде сопственик е Војин Лазаревиќ. „Руднап“ е исто така партнер со „Ал Дахра“, компанија која се поврзува со проектот „Белград на вода“. За таков сличен проект „Скопје на вода“ се зборуваше во Македонија. Но за овој сегмент од мрежата ќе откриваме понатаму. Оваа мрежа допрва ќе се одмотува. Дали сега е јасно зошто на ВМРО-ОКГ им смета кога ги споменуваме СНС и Вучиќ?“, рече членоит на ИО на СДСМ, Јон Фрчкоски.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 14 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 18 часа

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања