Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Гарческа: ЛДП бара итно расчистување на случајот во Тафталиџе и електронска нараквица за следење на насилниците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryr4aemg8mu28j4rvWRNK

Повторно, Либерално-демократската партија (ЛДП) алармира и искажува сериозна загриженост за институционалната неодговорност и непреземањето на мерки за превенција и спречување на фемицидот и семејното насилство.

— реклама —

„Немаме повеќе време за префрлање одговорност, ниту за административни изговори. Секое непостапување има последици и секое доцнење може да значи живот. Последниoт случај со смртта на мајката и ќерката во Тафталиџе, како и сите претходни, ја потресоа јавноста. Уште колку жртви треба да изброиме за институциите да се одважат да постапуваат по пријава?“, прашува во својата изјава за медиумите Тамара Гарческа од ЛДП.

— реклама —

Уште колку смртни случаи треба да се случат за пратениците во Собранието да сфатат дека предлог-законот на ЛДП за воведување електронска нараквица за следење на насилниците не е повеќе опција, туку е обврска?

— реклама —

„Како држава која ја ратификувала Истанбулската конвенција, Македонија има јасна задача: превенција, заштита, санкција. Не само декларативно, туку и реално. Нулта толеранција значи нула оправдувања. Јавноста е гневна – и со право. Бараме темелна истрага. Бараме целосно расчистување. Бараме одговорност со име и со презиме. Животот на жените не е статистика. Безбедноста не е привилегија“, завршува Гарческа во својата изјава со прашањето уште колку жени треба да умрат за институциите конечно да се разбудат и да постапуваат?

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library11tkb6jos84m4ifXFCb

Стојанче ја тепал Ивана и ја оставил на автопат, ја турнал по скали во Клиника, а Катја покажувала како мајка и се бранела - сведоштво во судница

Македонија | пред 3 часа

media-librarysologqplbu91b98np79

(Видео) Чаловска: Самоубиство поради семејно насилство се смета за фемицид

Македонија | пред 4 часа

media-library03c9p1489hrl4bvif63

(Видео) Обвинителката Бојчевиќ: Денешното признание на вина од страна на Стојанче воопшто не е признание

Настани | пред 5 часа

media-libraryr1elf3dkt0f9fPiMMT5

Мајката на Ивана сведочеше: Стојанче ја тепаше додека беше со дете во раце, Катја кажуваше „бабо, тато ја шутираше мама и ѝ викаше д*ољо“

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања