Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Герасимовски: Бесплатни стоматолошки прегледи за децата и пензионерите – континуирана грижа за здрави насмевки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Скопје
media-library1h4u12i5bkvb74McMJ0

По повод Светскиот ден на оралното здравје (20 март), Општина Центар континуирано спроведува бесплатни стоматолошки прегледи за деца и пензионери, со фокус на превенција и едукација. Со Стоматолошкиот факултет при УКИМ е потпишан Меморандум за соработка за зајакнување на партнерството и нови заеднички проекти. Преку проектите „Дејствувај за подобро орално здравје“ и програма за ранливи категории се обучуваат првачиња и се обезбедуваат прегледи за социјално загрозени и пензионери.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

По повод 20 март – Светскиот ден на оралното здравје, Општина Центар континуирано реализира бесплатни стоматолошки прегледи за деца од предучилишна и училишна возраст, како и за пензионерите, како дел од посветеноста на превенцијата и унапредувањето на оралното здравје.

Во таа насока, беше одржан работен состанок со Проф. д-р Соња Апостолска, декан на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, на кој беше потпишан Меморандум за соработка. Со овој документ се зајакнува партнерството и се отвораат можности за реализација на нови заеднички проекти.

На средбата присуствуваа и Проф. д-р Елизабета Ѓеоргиевска, раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија, како и Проф. д-р Гордана Апостолска.

Грижата за оралното здравје започнува од најрана возраст и претставува важен сегмент од целокупното здравје на граѓаните.

Во рамки на Програмата за образование се спроведува проектот „Дејствувај за подобро орално здравје“, преку кој учениците од прво одделение од сите основни училишта во Центар се едуцираат за правилно четкање на забите и одржување на оралната хигиена.

Во рамки на Програмата за социјална и здравствена заштита и заштита на деца се реализира проектот „Унапредување на оралното здравје кај деца од предучилишна и училишна возраст, граѓани од социјално загрозени семејства и корисници на пензија“, преку кој се обезбедуваат бесплатни стоматолошки прегледи и грижа за најранливите категории граѓани.

Општина Центар останува посветена на унапредување на здравјето на граѓаните преку континуирани активности, едукација и силни партнерства со релевантни институции.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library03bqdjkr0cjm2LsHY7F

„Пајак“ крена 103 возила за една недела во Центар

Скопје | пред 10 часа

media-libraryq48e5bmkrpp11x6jO74

Општина Центар ја спроведе пролетната дератизација, опфатени 2 000 шахти на целата територија

Скопје | пред 3 дена

rabotnicki-gerasimovski-3

Центар ќе ја слави гастрономијата: распишан повик за „Нож и виљушка на европска чинија“

Скопје | пред 5 дена

media-librarydjkghpcgn8pb9CGWeZQ

Герасимовски: Исчистена дива депонија во Маџир Маало, собрани 12 тони отпад

Скопје | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања