Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Герасимовски: Иницијативата на Центар за конфискација на дивоградби стана закон, горд сум на ова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-library97rb6h5pivpj8xPvzH1

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен градоначалник Горан Герасимовски, денеска се сретна со Мартин Пановски, реномиран и наградуван архитект, поранешен претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија и косопственик на архитектонското биро „Радиус архитекти“.

Герасимовски го запозна Пановски со идните приоритети во програмата во делот на урбанизмот, визијата за развој на општината, како и со досега реализираните проекти во Центар.

Изминативе четири години иницирав неколку системски решенија, меѓу кои и онаа за конфискација и пренамена на дивоградби, што веќе се преточи во законско решение. Поднесена е и иницијатива за доокрупнување на градежните парцели. Со општинскиот тим архитекти донесовме нови правила за да воведеме ред во градењето, истакна Герасимовски.

— реклама —

На средбата двајцата соговорници разменија мислења за идниот изглед на општината, урбанистичките планови и инфраструктурата. Се согласија дека Центар има потреба од повеќе зеленило, смирен сообраќај и балансирано развивање на станбени, деловни и рекреативни зони.

Герасимовски најави дека во програмата се предвидува уредување на улици со современи пјацети, партерно уредување на улиците „Коле Неделковски“ и „Христо Смирненски“, хортикултурно средување од Зелено пазарче до улица „Македонија“, реконструкција на „Ленинова“ и други сообраќајници, како и заживување на заборавени објекти , меѓу кои и поранешниот ресторан „Езерце“, кој буди носталгични чувства кај скопјани.

Дополнително, беше разговарано и за решавањето на горливиот проблем со паркирањето преку изградба на катни гаражи и новата општинска зграда.

Овој објект ќе биде симбол на отвореност и модерна општина, со подземен паркинг за околу 300 возила, што ќе го растовари сообраќајот во Дебар Маало. На архитектонскиот конкурс веќе се избрани три најдобри решенија. Се заблагодарувам на архитектонската фела за нивната поддршка во реализацијата на капиталните проекти, истакна Герасимовски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library16j4007ht7lb36GFR7M

Дрвен“ во Дебар Маало обновен: нови реквизити и летниковец за децата

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
poc

Паркирањето во Центар за Велигден бесплатно за граѓаните

Скопје | пред 1 седмица

media-library1eqqjkocq75j5plJT81

Герасимовски: Ветените проекти се реализираат, инвестираме во улици, паркови и инфраструктура

Скопје | пред 1 седмица

media-librarytshg7d14k1o89TYVnp3

Герасимовски: Пензионерките ги учат младите за традицијата пред Велигден

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања