Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Герасимовски: Отворени вратите на „Матично“, бесплатни здравствени проверки и консултации со специјалисти за граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Скопје
media-libraryh3hpddbt6nd9e7TLj2g

Во Младински центар „Матично“, што  функционира во склоп на Општина Центар, денеска се одржуваат бесплатни здравствени проверки и консултации за граѓаните. Прегледите се реализираат во периодот од 09:00 до 15:00 часот, без претходно закажување.

Граѓаните имаат можност бесплатно да се консултираат со тим лекари специјалисти и да добијат совети поврзани со своето здравје, како и да направат основни здравствени проверки, меѓу кои мерење на крвен притисок и мерење на гликоза во крвта.

Во текот на денот консултации и советувања со граѓаните одржуваат: д-р спец. Снежана Георгиева –гинеколог акушер, д-р спец. Љиљана Атанасовска – дерматовенеролог, д-р спец. Велимир Савески – инфектолог и доц. д-р Александар Савески – ортопед трауматолог.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика граѓаните да ја искористат можноста и да се консултираат со стручни лица.

„Ги поканувам сите граѓани да дојдат во општинскиот Младински центар “Матично” за да  ја проверат својата здравствена состојба. Оваа активност ја реализираме во пресрет на Светскиот ден на здравјето, со цел да ја поттикнеме свеста за превенцијата и редовната грижа за сопственото здравје“, истакна Герасимовски.

Акцијата се реализира во соработка со ХЕРА, Асоцијација за здравствена едукација и истражување.


— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library16j4007ht7lb36GFR7M

Дрвен“ во Дебар Маало обновен: нови реквизити и летниковец за децата

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
poc

Паркирањето во Центар за Велигден бесплатно за граѓаните

Скопје | пред 1 седмица

media-library1eqqjkocq75j5plJT81

Герасимовски: Ветените проекти се реализираат, инвестираме во улици, паркови и инфраструктура

Скопје | пред 1 седмица

media-librarytshg7d14k1o89TYVnp3

Герасимовски: Пензионерките ги учат младите за традицијата пред Велигден

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања