Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Германија нуди еден милион евра за информации за екстремистите што предизвикаа масовен прекин на струјата во Берлин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
sun-setting-silhouette-electricity-pylons

Германија објави награда од еден милион евра за информации што би довеле до апсење на осомничените крајно левичарски милитанти, чиј подметнат пожар на почетокот на овој месец предизвика масовен прекин на снабдувањето со електрична енергија во Берлин. Полицијата трага по членовите на групата „Vulkangruppe“, која ја презеде одговорноста за нападот, јавува Euronews.

— реклама —

Поради пожарот околу 45.000 домаќинства и 2.200 компании на југозападот на германската престолнина останаа без струја речиси една недела, во средината на зимата. Тоа беше најдолгиот прекин на снабдувањето со електрична енергија во градот од крајот на Втората светска војна. Крајно левата „Vulkangruppe“ во повеќе интернет-објави истакна дека нивната цел била да нападнат индустрија на фосилни горива, а не да предизвикаат прекин на електрична енергија.

— реклама —

Германскиот министер за внатрешни работи, најави решителен одговор при објавата на наградата. „Нашите безбедносни служби ќе бидат значително засилени во борбата против левиот екстремизам“, рече тој. „Сметам дека е соодветно да се истакне сериозноста на ситуацијата со награда од ваков размер.“

— реклама —

Полицијата ќе започне јавна кампања за собирање информации и промовирање на наградата, вклучувајќи делење летоци и поставување постери во берлинскиот метро.

Самопрокламираната Vulkangruppe е активна од 2011 година и извршила повеќе подметнувања на пожари во Берлин и околината.

Групата е одговорна и за подметнатиот пожар во 2024 година, кој го запре производството во фабриката на „Тесла“ во Берлин. Прекинот на снабдувањето, предизвикан од пожарот што го погодил високонапонскиот кабелски сноп, откри безбедносни пропусти во клучната инфраструктура на германската престолнина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

inflacija

Аларм во Германија: Инфлацијата достигна 2,7 отсто

Свет | пред 2 часа

media-librarylqls6oq7umt651tp9cX

Германија под притисок: Дизелот поскапе за 40 центи, превозниците бараат итни мерки

Свет | пред 12 часа

media-libraryos1s0f8ek7u6dyRCPd6

Германски индустриски гигант пресече: „Овде го запираме производството, не уништува евтиниот увоз“

Свет | пред 15 часа

media-libraryls5mmn9nu0vm6Vrgw6R

(Видео) Драма во Германија: ноќен клуб изгоре до темел, спасени 750 лица

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања