Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Германскиот министер: Планот на Трамп за Газа е единствена шанса што не смее да се пропушти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
Screenshot-2025-01-16-at-15.23.07

Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, изјави дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на огнот во Појасот Газа претставува единствена можност за завршување на војната и дека не смее да се остави неискористена.

— реклама —

„Американскиот план за Газа нуди единствена можност за крај на овој ужасен воен судир. Тој им дава надеж на стотици илјади луѓе во Газа кои страдаат од бруталниот конфликт и незамисливите хуманитарни тешкотии. Конечно, носи надеж и за Израелците и за Палестинците дека оваа војна наскоро би можела да заврши“, изјави Вадефул.

— реклама —

„Хамас мора да ја искористи шансата“

Според него, шансата не смее да се пропушти:

— реклама —

„Хамас мора да ја искористи оваа прилика“, нагласи Вадефул, повикувајќи ги сите што имаат влијание врз движењето да преземат конкретни чекори.

Тој изрази благодарност до претседателот Трамп, до арапските држави во регионот и до другите муслимански земји кои ги поддржуваат мировните напори.

Германскиот министер додаде дека Берлин е подготвен да даде конкретна поддршка на планот, оценувајќи дека тој би можел да го отвори патот за поширок процес на помирување на Блискиот Исток. Вадефул најави дека за време на викендот ќе ја посети регијата во таа насока.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

inflacija

Аларм во Германија: Инфлацијата достигна 2,7 отсто

Свет | пред 4 часа

media-librarylqls6oq7umt651tp9cX

Германија под притисок: Дизелот поскапе за 40 центи, превозниците бараат итни мерки

Свет | пред 13 часа

media-libraryos1s0f8ek7u6dyRCPd6

Германски индустриски гигант пресече: „Овде го запираме производството, не уништува евтиниот увоз“

Свет | пред 16 часа

media-libraryls5mmn9nu0vm6Vrgw6R

(Видео) Драма во Германија: ноќен клуб изгоре до темел, спасени 750 лица

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања