Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Гигантот Bosch укинува илјадници работни места за да заштеди 2,5 милијарди евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-library0rd15k8600t163h0DsY

Германскиот индустриски гигант Bosch планира да отпушти околу 13.000 работници, главно во Германија, откако минатата година веќе укина повеќе од 10.000 работни места.

— реклама —

Најпогодени ќе бидат погоните поврзани со автомобилската индустрија, а откази ќе има и во седиштето на концернот. Од Bosch појаснија дека станува збор за „неопходни чекори“ со кои годишно треба да се заштедат 2,5 милијарди евра.

— реклама —

Како главни причини се наведуваат кризата во германската автомобилската индустрија и потребата од заштеда за инвестиции во нови технологии поврзани со електрификацијата на возилата и развојот на автономниот транспорт.

— реклама —

Технологиите на иднината, како електромобилноста или автономните возила, носат голема шанса, но нивната експанзија драстично доцни“, изјави директорот на Bosch, Стефан Грош, додавајќи дека побарувачката сѐ повеќе се преферира надвор од Европа.

Bosch веќе минатата година започна со укинување на работни места во секторот за автомобилска индустрија и тогаш отпушти околу 10.000 работници.

Во четвртокот беше претставена и т.н. Есенска проценка на економскиот раст во Германија, која предвидува раст во следните две години, делумно благодарение на најавените државни инвестиции. Сепак, економистите предупредуваат дека тоа е краткорочен ефект и дека на Германија ѝ се потребни темелни структурни реформи, бидејќи извозот бележи постојан пад.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

inflacija

Аларм во Германија: Инфлацијата достигна 2,7 отсто

Свет | пред 5 часа

media-librarylqls6oq7umt651tp9cX

Германија под притисок: Дизелот поскапе за 40 центи, превозниците бараат итни мерки

Свет | пред 14 часа

media-libraryos1s0f8ek7u6dyRCPd6

Германски индустриски гигант пресече: „Овде го запираме производството, не уништува евтиниот увоз“

Свет | пред 18 часа

media-libraryls5mmn9nu0vm6Vrgw6R

(Видео) Драма во Германија: ноќен клуб изгоре до темел, спасени 750 лица

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања