Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Ѓорѓи Галетановски: „Чомбе не се повлече од партијата, туку од функцијата – вредностите и пријателствата се вечни“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-02-10-at-21.12.43

Поранешниот директор на Зоолошката градина и долгогодишен член на СДСМ, Ѓорѓи Галетановски – Чомбе, преку објава на социјалните мрежи реагираше на, како што вели, дезинформации и шпекулации во јавноста по неговата оставка од функцијата претседател на Градската организација на СДСМ – Скопје.

Во објавата, Галетановски посочува дека никогаш не барал партиски позиции, туку ги прифатил исклучиво од чувство на одговорност.

— реклама —

„Чомбе никогаш не молел да биде претседател на Градската организација на СДСМ, ниту да биде кандидат за советник. Функциите му беа понудени и тој ги прифати со чувство на одговорност. Минатата недела по првиот изборен круг поднесе оставка — без патетика и без театар за внимание, туку од лични и морални причини,“ напиша Галетановски.

Тој нагласува дека никогаш не бил на платена државна функција, освен во периодот кога бил директор на Зоолошката градина, именуван од тогашниот градоначалник на Скопје, со, како што наведува, „најниска директорска плата во градските институции – 42.000 денари“.

— реклама —

„Никогаш не извршував владина функција, ниту во времето на Заев, ниту на Ковачевски,“ потенцира тој.

Галетановски додава дека не се збогатил преку партијата, не користел функции за лична корист и никогаш не побарал позиција во друга политичка партија.

„Пред една година, коалициски партнер од власта ми понуди директорска позиција под услов јавно да се откажам од СДСМ. Во присуство на сведок ја одбив понудата. Исто така, пред осум месеци ми беше повторно понудено раководното место во Зоолошката градина, но и тоа го одбив,“ открива Галетановски.

Во својата објава тој потенцира дека секогаш бил критичар на локалната власт заради, како што вели, уништувањето на Скопје, и најавува дека ќе продолжи да го прави тоа без разлика која власт е на функција.

„Ќе продолжам да критикувам секоја власт што не работи во интерес на скопјани,“ порача тој.

Галетановски, познат по својата јавна активност во поддршка на младите, правата на животните и граѓанските иницијативи, истакна дека не се повлекува од партијата, туку само од функцијата.

„Чомбе не беше кандидат за Скопје, ниту носител на листа, ниту шеф на штаб. Се повлече од функцијата, не од партијата. Функциите не се вечни, но вредностите и пријателствата се. Ќе останам достапен на истиот телефонски број и ќе продолжам да придонесувам за младите, угостителството, правата на животните и јавниот интерес,“ напиша Галетановски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 15 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 20 часа

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања