Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Ѓорѓиевски „ќе даде се од себе“ за годинава да започне изградбата на булеварот „Цветан Димов“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-librarya84nk75a4bhvdTbDh8f

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски рече дека „ќе даде се од себе“ проширувањето на булеварот Цветан Димов во Чаир да започне до крајот на годината.

-Убеден сум дека оваа година ќе го поставиме камен-темелникот таму и ќе дадеме сè за да започне изградбата, изјави денес Ѓорѓиевски. Тој рече дека проектот ќе го изведува Општина Чаир, додека ќе го финансира Градот Скопјe.

— реклама —

„Обврските за спроведување на проектот ќе бидат одговорност на Општина Чаир, ова го направивме вчера со одлуката на Советот, со воспоставување меѓуопштинска соработка, додека ние ќе го финансираме, ќе ја извршиме и експропријацијата за целиот проект. Никогаш нема да дадам ветување што нема да го одржам, тоа нема да биде проект што ќе го завршиме за неколку месеци, таму нè очекуваат сериозни активности, првично во однос на експропријацијата, чистењето на оската и сè што подразбира имплементација. И за овој дел, секако, ќе имаме 3Д рендери за целата оска. Имаме дрвја што треба да ги заштитиме, зелениот појас, нов зелен појас. Зеленило во средината, за да можеме да видиме како ќе изгледа, но што и да е, убеден сум дека оваа година, таму ќе го поставиме камен-темелникот и ќе дадеме сè од себе “, рече Ѓорѓиевски, меѓу другото.

Претходно, беше објавено дека околу 2,5 милиони евра или 150 милиони денари ќе чини проширувањето на улицата Цветан Димов во Чаир. Град Скопје и Општина Чаир ќе потпишат договор за меѓуопштинска соработка за старт на проектот за проширување на оваа делница, која е тесно грло во градот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynbj0fssafh3k8Sb3ZRk

Ѓорѓиевски: Започна процесот на одгасување на Вардариште

Скопје | пред 6 дена

— реклама —
media-librarys8o3gcc07pjobisP5T0

Над 300 оброци за бездомници на Велики Четврток

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryrh4pk550lq7bcWa0N1K

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“

Скопје | пред 2 седмици

media-library0co5sc0kahlhbVkMDDn

Скопје денес е центар на светското олимписко таеквондо

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања