Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Ѓорѓиевски од терен: Во овој момент сведочиме на ужас кој не смее да се повтори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Скопје
gjorgievski-orce

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека заедно со своите колеги е на терен од почетокот на големиот пожар што ја зафати околината на главниот град.

„Во овој момент сведочиме на ужас кој не смее да се повтори, огромен пожар ја уништува животната средина и директно го загрозува здравјето на скопјани. Од самиот почеток, заедно со моите колеги Бобан и Дејан сме на терен и даваме сѐ од себе за да го ставиме под контрола овој разбеснет оган“, напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.

— реклама —

Тој информира дека ангажирале општествено одговорни компании кои со машинерија и песок помагаат во затрупувањето, а во акцијата учествуваат и екипи на Противпожарната служба од Скопје и на Министерството за внатрешни работи. „Се користат сите расположливи сили за ставање под контрола на оваа катастрофа“, додаде тој.

— реклама —

Ѓорѓиевски порача дека пожарот е „злосторство против народот и здравјето на луѓето“ и апелираше до институциите да постапат итно и безмилосно. „Скопје и неговите граѓани не смеат да се гушат во чад и отров. Ние остануваме на терен со луѓето сѐ додека пожарот целосно не биде изгаснат“, истакна тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library79gqcpfliara6H0Ea0E

Меѓународна поддршка за Скопје како Европска престолнина на културата 2028: Ѓорѓиевски домаќин на делегации од Германија, Италија и Словенија

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarys9kiphe3lu00acRP4QO

Ѓорѓиевски во хуманитарна акција: Поделени над 300 оброци за бездомни и социјално загрозени лица

Скопје | пред 1 седмица

media-library3q32rcf2m08h6qXxMZB

Од Драчево до центар за 11 минути: Градски воз ќе јури низ Скопје

Скопје | пред 2 седмици

media-librarya51ekh2uppkq6Tfx3FD

Ѓорѓиевски заедно со лица со Даунов синдром засади дрвја во ЗОО Скопје како симбол на надеж и еднаквост

Скопје | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања