Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ТРУБАРЕВО

Screenshot-2025-09-13-at-17.05.27

Потешко дишење, сува кашлица, стегање во градите се симптомите кај некои жители на Трубарево: Со скринингот беа опфатени над 200 луѓе

По два дена скрининг на жителите во Трубарево каде што се случи најголемата еколошка хаварија во Скопје при што изгоре фабриката за уништување електронски отпад, дел од жотелите се упатени на дополнителни иследувањеа. Кај некои се утврдени симптоми како што се потешко дишење, сува кашлица, стегање во градите.Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија го спроведе дводневниот скрининг на населението во Трубарево, со цел навремено откривање на евентуални симптоми на дишните патишта.Само во текот на вчерашниот ден се прегледани над 100 лица на двата пункта во Трубарево, од кои осум лица се упатени на Клиниката за пулмологија, поради хронични заболувања за кои подолго време не направиле контролни прегледи. Скринингот опфати клинички преглед, мерење на пулс, сатурација и проценка на витален капацитет. Овој скрининг имаше голем одѕив со над двесте прегледани пациенти во два дена и беше навистина добро прифатен од локалното население, и во следниот период продолжуваме да ја следиме состојбата во соработка со Клиниката за пулмологија и сите надлежни институции, истакна министерот Алиу.Истовремено, во рамки на скринингот се детектирани и пациенти со висок крвен притисок кои биле советувани да се обратат кај својот матичен лекар за натамошни испитувања.

Македонија | пред 6 месеци

trubarevo

Единаесет жители на Трубарево упатени на дополнителни испитувања поради иритации

Единаесет лица од Трубарево се пратени на дополнителни испитувања на Клиниката за пулмологија, откако лекарите констатирале иритации и надразнување во грлото.Вкупно 111 граѓани биле прегледани вчера на двата пункта – на Министерството за здравство и на Клиниката за пулмологија во Трубарево. Од Министерството соопштија дека поголемиот дел од населението е во добра здравствена состојба, но дека дел од нив имале симптоми кои барале понатамошни анализи.Скринингот е организиран по големиот пожар што зафати магацин со отпадна пластика и електронски отпад. Прегледите опфаќаат клинички преглед, мерење на пулс, сатурација и проценка на виталниот капацитет на белите дробови.Пунктовите ќе продолжат со работа и денеска.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-17.05.27

Почнува скринигот за жителите на Трубарево по пожарот со токсичен чад и тешки метали

Од утре започнува дводневен скрининг на жителите на Трубарево и околните населени места, најави министерот за здравство Азир Алиу.„Ги замолувам сите граѓани што сметаат дека треба да посетат доктор да се пријават на овој скрининг. Прегледите се наменети за жителите од Трубарево и од околните места, а особено за лицата што чувствуваат потешкотии при дишењето или имаат симптоми што укажуваат на заболувања на дишните патишта“, изјави министерот Алиу.Прегледите ќе ги вршат тимови од Клиниката за пулмологија и алергологија, со комплетен клинички преглед, спирометрија, ЕКГ и други потребни испитувања. „Доколку се појави потреба од дополнителни испитувања, тие или ќе бидат извршени на лице место или пациентите ќе бидат упатени на Клиничкиот центар во Скопје“, додаде тој.Директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија, Оливер Зафировски, потенцираше дека скринингот ќе го спроведат две екипи со две амбулантни возила. „Започнавме една убава акција ‘Здравјето на граѓаните пред сè’. Два тима ќе ги посетат сите граѓани во Трубарево и ќе направат почетни испитувања. Во зависност од тоа, ако може да се постави дијагноза или да се покаже дека немаат никакви оштетувања на нивните бели дробови, останува да им се ревидира терапијата. Но, ако има потреба, ги упатуваме на Клиниката за пулмологија за да можеме да ги продлабочиме испитувањата“, изјави Зафировски.Иако според последниот извештај на Министерството за животна средина концентрациите на ПМ10 честички се во рамки на дозволеното, по пожарот во фабриката „Ф-групација“ на 13 септември беа регистрирани сериозни надминувања. Тогаш во Трубарево ПМ10 честичките достигнале 92,65 микрограми на кубен метар, речиси двојно над дозволената граница. Покрај тоа, измерени се покачени концентрации на олово, арсен и особено кадмиум – дури десет пати над максимално дозволените вредности.Црниот чад од пожарот тогаш со часови се гледаше од целиот град, а жителите на Трубарево сè уште стравуваат за последиците врз здравјето.

Скопје | пред 6 месеци

trubarevo

Министерство за животна средина: Концентрациите на PM10 честички во Трубарево под дозволените граници

Просечните концентрации на PM10 честичките во Трубарево се во рамки на дозволените граници, информира Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).Според податоците од мерењата спроведени вчера и денеска, просечната концентрација изнесува 9,7 µg/m³, додека максимално измерената вредност била 28,2 µg/m³. Во моментот на завршување на мерењата, вредноста изнесувала 20,1 µg/m³.„Просечните концентрации на PM10 честичките не ја надминуваат 24-часовната гранична вредност пропишана за заштита на човековото здравје. Овие резултати се во согласност со Уредбата за гранични вредности и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух“, наведуваат од Министерството.Мерењата биле извршени со автоматски систем AMBICON RTM – PM, нефлометар за реално време со светлосен сноп и циклон селектор, инструмент ES-642 METONE од САД, сертифициран за индикативен мониторинг според MCERTS стандардите на Обединетото Кралство.Министерството нагласува дека континуирано го следи квалитетот на воздухот со цел навремено информирање и заштита на населението.Ресорниот министер, Изет Меџити, денеска изјави дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки за санирање на еколошките штети од пожарот во Трубарево.

Скопје | пред 6 месеци

media-libraryamgeuglj77o48oQ8S6K

Филипче: Се потврди труењето во Трубарево, барам истрага и оставки од надлежните министри

„Владата на ВМРО ДПМНЕ  лажеше дека воздухот во Трубарево не е загаден, задоцни со реакција и не презеде никакви итни мерки за заштита на граѓаните, вклучително и евакуација,“ изјави денеска претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.Тој потенцираше дека токму поради овие лаги и пропусти, власта е директно одговорна за труењето на луѓето во Трубарево и околните населени места.„Со тие лаги е директно одговорна за труењето на луѓето во Трубарево и околината. Официјалните податоци, кои беа објавени дури шест дена по пожарот, покажуваат алармантни бројки: 12 пати над дозволеното ниво на кадмиум во воздухот (59,1 ng/m³ наспроти дозволени 5), покачени вредности на арсен и олово. Ова е воздухот што го дишеле нашите деца,“ предупреди Филипче.Како што кажа тој, ова претставува врв на нестручност, кукавичлук и непрофесионализам.„Македонија се нема соочено со понеодговорна и кукавичка власт, која наместо да соочи храбро со секоја криза, таа се обидува да си го спасува рејтингот и да минимизира. Со оваа власт, граѓаните се во постојан ризик затоа што не може да бидат сигурно дека ќе бидат заштитени од било која закана“,рече Филипче.При тоа, Филипче порача дека одговорност мора да има и бара  оставки од министерот за внатрешни работи, министерот за здравство и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.„Барам итни оставки од министерот за внатрешни работи и министерот за здравство, како и од директорот Стојанче Ангелов. Барам обвинителството да отвори истрага и да одговараат сите кои дозволија со своето непостапување да се загрози животот и здравјето на луѓето.Итна истрага од Јавното обвинителство и кривична одговорност за сите службени лица кои со своето непостапување дозволија да се загрози животот и здравјето на граѓаните“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 6 месеци

trubarevo

Во Скопје се дишеле тешки метали, 12 пати над дозволеното, по пожарот во Трубарево

Концентрацијата на тешки метали во воздухот во Скопје по пожарот во Трубарево драматично ја надминала дозволената граница, покажуваат анализите на Министерството за животна средина, објавени шест дена по избувнувањето на огнената стихија.Мерењата направени на 13 и 14 септември покажуваат дека концентрацијата на кадмиум изнесувала 59,1 нанограм по метар кубен – речиси 12 пати повеќе од дозволените 5. Во воздухот имало и зголемени количини арсен (8,9 од дозволени 6) и олово (0,75 од дозволени 0,5). Единствено никелот останал во рамките на дозволеното. Од министерството уверуваат дека состојбата веќе е стабилизирана и дека тековните мерења покажуваат нивоа во границите.Од МЖСПП велат дека објектот во кој избувнал пожарот во Трубарево бил повеќе пати контролиран, а и на денот на трагедијата инспектори извршиле увид и целата документација ја предале во Јавното обвинителство.Премиерот Христијан Мицкоски најави законски измени со кои подметнувачите на пожари ќе се третираат како терористи, а за фрлање отпад на јавен простор ќе се предвидуваат затворски казни над пет години.Ова мора да престане. Ќе се заострат сите казни и ќе има јасна порака дека подметнувањето пожар е тероризам врз граѓаните и нивното здравје – изјави Мицкоски.Претседателот на Собранието, Африм Гаши, пак, потсети дека засега во Парламентот не е пристигнат ваков предлог-закон.„Кога ќе се најде на дневен ред, мнозинството ќе одлучи дали потпалувачите ќе се третираат како терористи“, рече Гаши.По зачестените пожари, Владата испрати допис до сите општини да извршат расчистување на дивите депонии, а Државниот инспекторат за животна средина да спроведе вонредни контроли на сите ризични локации.

Македонија | пред 6 месеци

trubarevo

Пожарот во Трубарево резултат на незаконско складирање батерии и електронска опрема

Министерството за внатрешни работи денеска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против четири физички лица и едно правно лице со седиште во Трубарево, поради сомнение за кривично дело – загрозување на животната средина и природата со отпад, согласно член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Според МВР, прво- и второпријавените, 56-годишниот М.Д. и 26-годишната Л.Д., како соизвршители, спротивно на Законот за управување со отпад и прописите за заштита на животната средина, повеќекратно оставале, фрлале, собирале и транспортирале пратки со опасен отпад – остатоци од електронска и електрична опрема, отпадни батерии, акумулатори и тонери. Тие го складирале отпадот на катастарска парцела во Трубарево, со што предизвикале значително оштетување на почвата и воздухот и создале опасност за животот и здравјето на луѓето во поголеми размери.Третопријавениот, 43-годишниот В.М., како овластено лице и раководител на подружница, постапувал по насоки на првоосомничениот и ги распоредувал работните задачи на вработените во врска со складирањето и обработката на отпадот. Четвртиот пријавен, 59-годишниот З.С., иако немал формален работен однос, организирал понатамошно одлагање на електронскиот отпад, го примал, складирал, сортирал и механички обработувал надвор од објектите за кои фирмата имала дозвола.На 13 септември, токму во објектот каде што бил непрописно складиран отпадот, изби голем пожар кој не можеше да се стави под контрола. Огнот зафати најголем дел од складираниот електронски отпад и објектите на подружницата за рециклирање. Согорувањето предизвика масовно испуштање чад, пепел и гасови во амбиенталниот воздух.„Како последица на тоа, со мерењата на Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на Армијата и на Државниот инспекторат за животна средина утврдена е висока загаденост“, велат од МВР.

Скопје | пред 6 месеци

media-librarytmtdt8826n4r5YcNh4H

Истрага против четири лица и фирма за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево

Основното јавно обвинителство Скопје, по анализа на сите докази прибрани во предистрагата до овој момент, денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири физички и едно правно лице за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинителството издаде наредби за дејствија и проверки со кои обезбеди докази кои даваат основано сомнение дека првиот осомничен, иако формално не бил запишан како управител на правниот субјект во кој непрописно се складирал отпадот, сепак реално настапувал и преземал правни дејствија во односите со трети лица. Како управител на друго правно лице, тој го избирал правниот субјект каде формален управител била неговата ќерка како мнозински коминтент за складирање на отпад, го организирал целокупното работење и ги извршувал одлуките околу работењето, а оттука имал и обврска да се грижи за законитоста на работењето на друштвото и подружницата за рециклирање.Затоа во истрагата се опфатени тој и неговата ќерка, како соизвршители кои постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на прописите за заштита на животната средина вршеле повеќекратно оставање, фрлање, собирање и транспортирање на една или повеќе поврзани пратки од отпадоци и остатоци од електронска и електрична опрема, отпадни батерии и акумулатори и отпадни тонери, како опасен отпад. Отпадот го складирале на катастарска парцела во Трубарево и со тоа предизвикале значително оштетување на квалитетот на почвата и воздухот односно предизвикале опасност за животот и здравјето на луѓето во поголеми размери.Третиот осомничен е овластено лице – раководител на подружница, кој постапувал по насоките на првиот осомничен и ги распоредувал работните задачи на вработените при складирањето и обработката на електричниот отпад.Четвртиот осомничен, иако немал формален акт за засновање на работен однос во правниот субјект, сепак преземал дејствија со кои го организирал понатамошното одлагање на електронскиот отпад. Тој го примал, складирал, сортирал и механички обработувал и електричниот отпад надвор од објектите за кои била издадена дозвола за управување со отпад.На 13 септември, објектот со непрописно складиран отпад се запалил. Поради обемот и опасноста, пожарот не можел да се стави под контрола и зафатил најголем дел од складираниот електричен отпад како и објектите на подружницата за рециклирање. Согорувањето предизвикало масовно испуштање чад, пепел и гасови во амбиенталниот воздух. Како последица на тоа, со извршените мерења на Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на Армијата на РС Македонија и на Државниот инспекторат за животна средина утврдена е висока загаденост.Имајќи ги предвид дејствијата на осомничените и ризиците за постапката, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен, додека за останатите тројца побарано е определување куќен притвор.Во исто време, продолжува да се испитува потенцијална одговорност и на други лица, а јавниот обвинител издава наредби за обезбедување докази по кои постапуваат надлежните органи.

Скопје | пред 6 месеци

trubarevo-mehanizacija-kamioni-bulduzer-1546

Постои опасност од ново разгорување во Трубарево, направен е увид иако и натаму чади

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи на МВР, денеска извршија увид на локацијата во Трубарево каде што изминативе денови избувна голем пожар во складиште за отпад.Како што соопштија од Обвинителството, увидните дејствија се спроведени и во однос на причините за избивање на пожарот и во однос на складирањето на отпадот. На терен било извршено фотографирање и дронско снимање.„Со оглед на затрупувањето на локацијата од безбедносни причини, увидните дејствија се отежнати. По наредба на јавен обвинител, локацијата ќе остане обезбедена и во наредниот период за потребите на постапката“, велат од ОЈО.Дополнително, Министерството за животна средина ќе продолжи со мерења на загадувањето, а на терен ќе излезе и вешто лице од областа на екологијата.На местото и понатаму е стационирана противпожарна екипа, бидејќи се јавуваат повремени чадења и постои опасност од ново разгорување.Обвинителството најави дека, паралелно со увидот, ќе продолжат и другите истражни дејствија за целосно испитување на настанот и одговорноста за него.

Скопје | пред 6 месеци

trubarevo

Продолжен притворот за четворицата осомничени во истрагата за Трубарево

Кривичниот суд им го продолжи краткотрајниот притвор за нови 48 часа на четворицата сопственици и управители на фабриката за електронски отпад во скопско Трубарево, по предлог на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје.Четворицата беа приведени и во неделата вечерта спроведени пред судија на претходна постапка, по што судот им одреди првичен 48-часовен притвор.Според Обвинителството, станува збор за 56-годишен управител и сопственик на две правни лица, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишник во својство на раководител на подружница и 59-годишник вработен во правно лице.Од ОЈО Скопје информираат дека денеска ќе започне увид на лице место за причините за пожарот, а увидните екипи на терен ќе ги координира јавен обвинител.

Скопје | пред 6 месеци

trubarevo-mehanizacija-kamioni-bulduzer52

Ташки метали присутни само на едно испитно место во Трубарево, ИЈЗ ги соопшти резултатите

Институтот за јавно здравје утврди присуство на тешки метали во почвата на едно место, зголемени вредности на бакар и цинк во површинскиот слој каде што гореле литиумски батерии — додека на сите други локации не се констатирани отстапувања од референтните вредности.Истовремено, не е детектирана радиоактивност во воздух, почва и вода, а во водата не е утврдено присуство на тешки метали, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).ИЈЗ изврши вонредно испитување во засегнатото подрачје и во неделата (14.09.25) беа земени примероци/мостри од страна на професионален експертски тим од ИЈЗ за испитување на радиоактивност во вода, почва и воздух, како и примероци за испитување на тешки метали во почва (земја) и испитување на тешки метали во вода.ИЈЗ извести дека, според резултатите и направените анализи, во земените примероци не е утврдено присуство на радиоактивност во воздух и почва, како и дека не е утврдено присуство на тешки метали во вода.Институтот вчера ги завршил анализите и испитувањата на примероците за испитување на тешки метали во почва, како и испитувањата за радиоактивност во вода. Земени се мостри од повеќе локации од засегнатото подрачје за испитување на тешки метали во почва, и тоа: олово, кадмиум, арсен, никел, жива, хром, бакар, цинк, калај, бариум, берилиум, кобалт, ванадиум, талиум, молибден и антимон.По анализата на резултатите од сите земени примероци, може да се заклучи дека нема отстапување од референтните вредности за сите испитани 16 тешки метали.Институтот за јавно здравје во најкус можен рок ги направи потребните анализи. Истите ќе бидат повторени согласно протоколите, во времето предвидено за тоа. ИЈЗ останува во понатамошна координација со Министерството за здравство и со сите надлежни државни институции, а за секоја наредна активност јавноста ќе биде соодветно информирана.

Скопје | пред 6 месеци

trubarevo

Увидот за пожарот во Трубарево ќе почне утре

ОЈО соопшти дека увидот на лице место во однос на причините за пожарот во Трубарево треба да започне утре. Увидните екипи на терен ќе ги координира јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.-По наредба на јавниот обвинител екипи на СВР Скопје и денеска излегоа на лице место со цел преземање дејствија и прибирање определени докази потребни во однос на постапката за загрозување на животна средина со отпад.Во континуитет се преземаат повеќе дејствија на обезбедување и анализа на документација.До Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени со постапка до овој момент.

Скопје | пред 6 месеци

trubarevo-mehanizacija-kamioni-bulduzer-1546

Надлежните институции уверуваат: Во Трубарево се е ставено под контрола

Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа брифинг со медиумите за состојбата по пожарот во складиштето за електронски отпад во Трубарево.Министерот Изет Меџити заедно со директорот на Управата за животна средина, Игор Никоски, директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Дејан Мираковски, ги презентираа првичните информации.Надлежните институции информираа дека екипи биле на терен од првиот момент, презеле соодветни мерки и редовно ја известувале јавноста. Опожареното место е затрупано со песок за да се спречи понатамошно тлеење на опасни материи. Очекувањата се официјалните лабораториски резултати да бидат достапни до петок.Проф. д-р Мираковски посочи дека тимот од лабораторијата АМБИКОН при УГД – Штип веќе поставил мерни станици за мониторинг на квалитетот на воздухот и дека во рок од една недела ќе се добијат првични резултати.Министерството ќе ја информира јавноста веднаш по добивањето на сите анализи.

Македонија | пред 6 месеци

toksikologija

Тројца жители на Трубарево денеска се амбулантски прегледани: Во текот на ноќта извршени се 13 интервенции од Итната помош

Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево извршени се 13 интервенции од Итната медицинска помош, при што едно лице е транспортирано во болница и извршен е транспорт на неподвижно лице до друго населено место.- Министерството за здравство ја следи состојбата и здравствениот систем е мобилизиран за справување со новонастанатите предизвици. Од извршените интервенции на Итната медицинска помош, само едно лице е транспортирано во јавна здравствена установа, на Клиниката за токсикологија. Воедно, кризниот штаб кој веднаш како Министерство го формиравме, континуирано заседава и во следниот период ќе се преземаат соодветни мерки согласно околностите, порача министерот Алиу.Директорот на Клиника за токсикологија, д-р Арѓенд Имери информираше дека пациентката која во текот на ноќта е примена на Клиниката за токсикологија е во добра состојба.Пациентката имала и други пропратни симптоми и од тие причини е задржана на лекување, но најважно е дека се наоѓа во добра состојба. Денеска во текот на денот уште тројца пациенти се амбулантски прегледани на Клиниката и пуштени дома, истакна д-р Имери.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-09-15-135037

Филипче: Странска акредитирана лабораторија да направи испитувања на квалитетот на воздухот, водата и почвата

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање укажа дека по пожарите во депониите Дрисла и Вардариште, и последниот во Трубарево, потребни се итни анализи на почвата, воздухот и водата, од страна на странска акредитирана лабораторија.Филипче предупреди дека мора да се направи испитување на квалитетот на водата за пиење.„Сите изотопи кои што не се растворливи во вода ќе се детектираат. И тоа сметам дека час поскоро треба да го направи некоја странска акредитирана лабораторија, да не сведочиме на овие смешни изговори на Институтот за јавно здравје“, рече Филипче.Овие анализи, како што кажа Филипче, се важни бидејќи по вакви пожари постои ризик да е загадена почвата каде што има земјоделски производи.„Треба да се измери количината на диоксини, на фурани, на јаглеводородни честички во воздухот, не само на ПМ честичките. Треба да се испита количеството на тешки метали во земјата – никел, кадмиум, олово. Зошто е тоа важно? Поради тоа што можат тие тешки метали да влезат во синџирот на исхрана“, рече Филипче.За во иднина да се спречи нова еколошка катастрофа, Филипче нагласи дека е потребна итна детална анализа на сите институции и на сите депонии кои што работат во земјава. Ова, како што рече, е важно за да се превенира евентуална следна криза.„Имаат ли сите депонии лиценци? Сите ли се на доволна оддалеченост од населените места? Работи ли некој нелегално со отпад? Од каде се увезува отпад во земјава? Конечно, да знаеме што се случува во тој сектор. Што направи Владата по тоа прашање? Ништо“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 6 месеци

kaja-shukova

Шукова: Жителите на Трубарево се оставени сами да се справуваат со последиците од пожарот

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, на денешната прес-конференција оцени дека жителите на Трубарево се оставени сами да се справуваат со последиците од опасниот пожар што избувна во саботата. Таа посочи дека граѓаните сè уште немаат информација какви токсини вдишувале и дали е безбедно да се движат надвор.Шукова додаде дека одлуката децата од Трубарево да следат онлајн-настава создава уште поголема збунетост, бидејќи не нуди одговор колку е загаден воздухот и каква е реалната опасност по нивното здравје и еколошка безбедност. Наместо брзи и ефикасни мерки за заштита на населението, според неа, институциите на локално ниво покажале целосна неодговорност и потфрлање.Таа нагласи дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ немаат утврден протокол за справување со еколошки хаварии. Според неа, и локалната и централната власт реагирале дури по силен притисок од јавноста и медиумите. „Не беше јасно кој носи одлуки – општината, градот или централната власт, но откако жителите на Трубарево се изнадишаа токсичен чад, вечерта сите се појавија за да се сликаат“, рече Шукова.Во врска со присуството на градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, таа праша во кое својство бил во Трубарево. „Јавноста не виде како помогнал во справувањето со еколошката катастрофа, но сите видоа дека дошол на сликање“, истакна таа.Шукова потсети дека Град Скопје и Општина Гази Баба биле првите што имале обврска да реагираат, но нивната пасивност и незаинтересираност, како што рече, најдобро ја отсликува неспособноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ да се справи со кризни ситуации.„Опасните пожари од депониите веќе не се проблем само на една општина, туку проблем на целиот град. Повеќе не смее да се чека, населението мора да биде заштитено. Јас кажав дека имам план – и краткорочни и долгорочни мерки за решавање на депониите и отпадот. Ова не е политика, туку конкретни чекори што мора веднаш да се спроведат за Скопје да стане поздрава и побезбедна средина за сите жители“, изјави Шукова.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-15.46.16

Влен: Нуредини ја издал дозволата за складиштето со електронски отпад во Трубарево

Влен тврди дека поранешниот министер за животна средина Насер Нуредини е тој што ја потпишал дозволата за работа на ризичното складиште за електронски отпад во Трубарево, кое се наоѓа во густо населено подрачје веднаш до Скопје. Од партијата додаваат дека министерот бил личен избор на Али Ахмети и близок пријател на Бујар Османи.„ДУИ 20 години ја контролираше екологијата во земјава. Во тој период создадоа депонии во центарот на Тетово, Кичево, веднаш до Струга и десетици низ Скопје. Наместо решенија, ни оставија загадена и токсична животна средина“, велат од Влен.Тие обвинуваат дека и јавното претпријатие задолжено за отпадот во Скопје е под капата на ДУИ, со директор избран од нивните редови. „Фактот што денес Скопје се гуши во чад и отрови е директна последица на нивното партиско владеење и нефункционалноста на институциите под нивна контрола“, стои во реакцијата.Во партијата нагласуваат дека додека граѓаните живеат во загаден воздух и труена почва, функционерите на ДУИ вложувале во трговски центри, фотоволтаици и нафтени бизниси. „ДУИ нема кредибилитет да зборува за екологија – тие се симбол за партизација, корупција и урбан хаос“, додаваат од Влен.Тие потсетуваат дека на 19 октомври граѓаните ќе имаат можност да ја прекинат оваа политика и да изберат власт која ќе ја врати чистата животна средина, ќе ги затвори дивите депонии и ќе внесе ред во управувањето со отпадот.„ДУИ треба да си вгради детектор за лаги, бидејќи количината на невистини што ја пласира веќе е медицински проблем. Како е можно да го обвинуваат Изет Меџити за дозвола издадена во време кога министер беше Насер Нуредини? Како е можно партијата што 20 години управуваше со загадената животна средина, да го обвинува Меџити, кој бил министер само една и пол година?“, прашуваат од Влен преку писмено соопштение.

Македонија | пред 6 месеци

DJI_20250913161621_0169_D

Се проверува одговорноста на тие кои издале дозвола да има склад за отпад во Трубарево, среде населено место

Основното јавно обвинителство потврди дека се истражува потенцијалната одговорност и на други лица во врска со големиот пожар во складиштето за отпад во Трубарево. Дозволата ја издава Министерството за животна средина, па оттука, документацијата за работата на компанијата се наоѓа во нивните простории.„Се испитува потенцијална одговорност и на други лица. Во врска со документацијата и дозволите, издадени се повеќе наредби по кои МВР сè уште постапува“, велат од Обвинителството, одговарајќи на прашањето дали лицето кое ја издало и потпишало дозволата за работа на складиштето ќе биде предмет на истрага.Веќе е познато дека тие имале 10 годишна дозвола, издадена во 2021 година, кога министеруваше Насер Нуредини од ДУИ. Складиштето работело и во време на министерувањето на Каја Шукова и Изет Меџити. Засега не е познато дали се правени контроли, во делот на исполнувањето на условите за работа.На прашањето дали се проверува колкава количина отпад била складирана во магацинот на фирмата „Ф-групација“, од Обвинителството додаваат: „Се преземаат дејствија за проверки“.Со тоа останува отворено прашањето дали фирмата поседувала отпад во рамките на дозволените параметри и дали институциите вршеле навремени контроли на работењето.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-09-14-at-16.52.13

Краткотраен притвор за пожарот во Трубарево

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО – Скопје за определување краткотраен притвор за 4 лица, кои доцна синоќа беа спроведени во судот а поврзани со пожарот кој на 13.09.2025 година се случи во Трубарево – Скопје, донесе решенија со кои го прифати предлогот и на:В.М., З.С., М.Д. и Л.Д. им определи мерка притвор во траење од 48 часа.Четворицата се осомничени за кривичното дело до чл. 230 ст.3 вв со ст. 1 од КЗ, односно Загрозување на животната средина и природата со отпад.Со почит Основен кривичен суд Скопје.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-13.56.09-1

Токсични гасови, канцерогени соединенија и тешки метали – воздухот над Скопје по горењето на електронскиот отпад во Трубарево

Скопје од саботата се соочува со една од најголемите еколошки хаварии во последните децении – пожарот во складиште за електронски и пластичен отпад во Трубарево. Иако Институтот за јавно здравје потврди дека не е регистрирано зголемено радиоактивно зрачење, светски експерти врз основа на нивните научни трудови говорат дека при вакви хаварии вистинската закана доаѓа од хемиската контаминација.Скопје1 се осврнува на дел експертските докази за влијанието на пожарите врз здравјето на луѓето и животната средина, а во кои согорува електронски отпад.Литиумските батерии, акумулаторите и каблите што изгореа, според тоа што тие го пишуваат во нивните трудови, испуштаат облак од токсични гасови и честички кои можат да остават долгорочни последици врз луѓето, животните и животната средина.Истражувања објавени во списанието Batteries – на пример студијата на Лукас Клаасн, Јан Финг, Јоханес Фридрих и Андреас Пфранг од 2024 година – покажуваат дека при горење на литиум-јонски батерии се ослободуваат екстремно опасни кисели гасови како водороден флуорид и флуорирани фосфорни соединенија. Тие се надополнуваат со запаливи и токсични гасови – јаглерод моноксид, јаглерод диоксид и водород – што дополнително ја зголемуваат опасноста.Чадот, според истата група автори. е преполн со фини прашини (PM₂.₅ и помали) кои лесно навлегуваат длабоко во белите дробови. Овие честички содржат органски и елементарен јаглерод, фосфати, флуориди и метали – никел, кобалт, манган, литиум, алуминиум и бакар. Научниците предупредуваат дека повеќе од 80 отсто од сите честички се ултрафини, што значи дека можат да предизвикаат сериозни и долгорочни здравствени проблеми.Во друга студија објавена исто така ланската година, научниците Ерик Нилсон и Анита Алберг Тидблад потврдуваат дека токму овие гасови и честички се најопасни при термален бег на батериите.Што е „термален бег“?„Термален бег“ е состојба кај литиум-јонските батерии кога внатрешната температура неконтролирано расте. Наместо да се олади, батеријата сама произведува сè повеќе топлина, со што се ослободуваат запаливи и токсични гасови.Овој процес е „самоодржлив“ – една мала искра, оштетување или прегревање е доволно за реакцијата да стане лавина. Последиците се чад, силно зголемен притисок, експлозија или целосно согорување на батеријата.Зошто пожарите на батерии не се гасат со вода?Кога батеријата ќе влезе во термален бег, внатрешната температура е толку висока што самата хемија ја одржува реакцијата. Дури и ако однадвор се полева со вода, внатрешноста продолжува да „вријат“ и често доаѓа до повторно палење.Дополнителен проблем е што водата што истекува од местото на пожар станува контаминирана со метали и хемикалии и може да ја загадува почвата и подземните води.Затоа пожарникарите наместо со вода често користат песок или вермикулит – материјали што го задушуваат пламенот, го изолираат кислородот и спречуваат повторно палење.Опасноста не доаѓа само од батериите. При согорување на електронски отпад – пластики, кабли и плочки со метали – во воздухот дополнително се создаваат диоксини, фурани, полициклични ароматични јаглеводороди и пареа од тешки метали како олово, жива, кадмиум и арсен. Според Светската здравствена организација (WHO, 2024), овие материи се меѓу најтоксичните познати загадувачи, кои можат да остават последици по здравјето со години и да контаминираат цели екосистеми.Сите ги чекаат резултатите од ИЈЗИЈЗ информираше дека вонредни екипи биле на терен за да земат примероци од почвата и водата во непосредна близина на хаваријата за физичко-хемиска анализа, како и мостри од чешми и бунари за испитување на евентуално јонизирачко зрачење.„Во моментот нема никакви вредности кои би укажале на зголемена радиоактивност или ризик за здравјето на граѓаните,“ рекоа вчера од Институтот, додавајќи дека резултатите од земените мостри ќе бидат дополнително објавени по нивната обработка.Институтот најави дека внимателно ќе ја следи состојбата во координација со Министерството за здравство и останатите надлежни институции, а на граѓаните им препорачува и понатаму да ги следат официјалните препораки.

Скопје | пред 6 месеци

trubarevo-mehanizacija-kamioni-bulduzer-1546

ИЈЗ: Нема зголемена радијација во воздухот, сите мерења се во рамки на нормалниот фон

Институтот за јавно здравје на Република Македонија соопшти дека во периодот од 7 до 14 септември 2025 година автоматскиот систем за мерење на радијација во воздухот работел непрекинато и ги следел податоците од сите 14 мерни станици во земјата.Според резултатите, во Скопје (станица MKMP-1) просечната вредност изнесувала 51 нано сиверт на час, со најниски и највисоки регистрирани вредности од 51 до 69 нано сиверти на час.Денес, на 14 септември во 11:30 часот, регистрирани биле 50 нано сиверти на час – што, како што нагласуваат од ИЈЗ, е во рамки на природниот радијациски фон и не претставува никаква опасност за здравјето на граѓаните.„Нема никакви вредности кои би укажале на зголемена радиоактивност или на ризик за здравјето на населението. Во моментот нема одстапувања од нормалните референтни вредности“, велат од Институтот.Екипи на ИЈЗ по насока на Министерството за здравство и инспекторатот за животна средина земаат примероци од почва и вода во непосредна близина на засегнатите подрачја за физичко-хемиска анализа и за дополнителна проверка на евентуално присуство на јонизирачко зрачење.Институтот најавува дека по обработката на податоците резултатите ќе бидат објавени за јавноста и додава дека состојбата внимателно се следи во координација со сите надлежни институции. Препораката до граѓаните е и понатаму да ги следат официјалните насоки и информации од ИЈЗ.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-22.19.00

Побаран краткотраен притвор за 4 лица во врска со пожарот во Трубарево

„Поради основано сомнение дека со заеднички дејствија учествувале во извршување на кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 4 лица за кои од судија на претходна постапка вечерва ќе побара определување мерка краткотраен 48-часовен притвор за обезбедување докази.Нивните конкретни дејствија се испитуваат, но станува збор за 56-годишен управител и сопственик на 2 правни лица, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишник во својство раководител на подружница и еден 59-годишник вработен во правно лице. Се испитува потенцијална одговорност и на други лица.Во текот на денот, јавниот обвинител издаде повеќе наредби за обезбедување докази по кои се уште постапуваат надлежните органи, а се очекуваат и резултатите од извршените мерења на загадувањето од Министерството за животна средина“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 6 месеци

pozar-trubarevo

Слабее чадењето во Трубарево, и натаму се затрупува просторот со специјална пена и песок

Од опожарениот простор во Трубарево останува слабо чадење на само неколку точки, кои веќе се затрупани, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.„Се фрла специјална пена врз песочната покривка за целосно сопирање на чадењето“, изјави Ангелов, додавајќи дека со ваквата интервенција се очекува проблемот во целост да се надмине.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-09-14-at-16.52.13-1

Директорот на ЦУК заврши на токсикологија поради изложеност на чад во Трубарево

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, повеќе од 12 часа престојувал на терен во Трубарево, каде се спроведуваа интервенциите за гаснење на големиот пожар во фабриката за пластика. Поради долготрајната изложеност на токсичен чад и интензивната работа во координацијата на тимовите и институциите, тој синоќа побарал медицинска помош во Државната токсиколошка болница.По извршените лекарски контроли е утврдено дека неговата здравствена состојба е стабилна и не претставува ризик.Центарот за управување со кризи изрази благодарност за пожртвуваноста на пожарникарските екипи, државните институции и волонтерите кои работеле во исклучително тешки услови за локализирање на пожарот и заштита на граѓаните.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2024-04-18-at-15.40.23

Четири лица побарале здравствена помош поради пожарот во Трубарево, сите надвор од животна опасност

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со директорката на Институтот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска на заедничката прес конференција при посетатата на Клиниката за токсикологија потенцираа дека од прв момент се следи состојбата со пожарот во скопското село Трубарево и се во постојана координација со сите надлежни институции.- Како што знаете од вчера, Министерството за здравство креираше кризен штаб за состојбата во Трубарево и ја следевме и следиме во реално време целата ситуација што се случува од здравствена гледна точка. Денес сме тука пред токсикологија, имаше 4 хоспитализирани од кои тројца беа амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување, четвртиот пациент е хоспитализиран. Надвор од животна опасност се сите 4 пациенти. Со Институтот за јавно здравје и со директорот на Клиниката за токсикологија направени се протоколи во овој период, доколку има потреба да се интервенира во некој дел. Како што знаете, ИЈЗ вчера излезе со препораки за граѓаните, истите препораки важат и денес, кажа министерот Алиу.Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска посочи дека ова е една ситуација со која граѓаните и државата за првпат се соочуваат и многу е важно да не се политизира и да не се прави паника.- Најважно е што сите институции според моите информации се веќе вклучени во целиот процес и заедно се координираме.Институтот издаде одредени препораки, тие препораки се општи, но се во согласност со највисоките светски стандарди. Иако овие препораки изгледаат едноставни, сепак доколу се почитуваат од граѓаните од ранливите групи - овие препораки можат да придонесат да немаме онакви здравствени проблеми какви што би можеле да имаме. Институтот располага со најсовремена опрема и со професионалци кои во реално време ни покажуваат дали има отстапување од параметрите на радиоактивност во воздухот. Во моментов нема никакво, ниту минимално отстапување од нормалните параметри кои се однесуваат за радиоактивност во воздухот. Наши екипи ќе пристапат на терен токму во погодените места и ќе ги проверат почвата и водата во овие делови и граѓаните навремено ќе бидат информирани, заклучи Андоновска.

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања