Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Во Скопје се дишеле тешки метали, 12 пати над дозволеното, по пожарот во Трубарево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
trubarevo

Концентрацијата на тешки метали во воздухот во Скопје по пожарот во Трубарево драматично ја надминала дозволената граница, покажуваат анализите на Министерството за животна средина, објавени шест дена по избувнувањето на огнената стихија.

Мерењата направени на 13 и 14 септември покажуваат дека концентрацијата на кадмиум изнесувала 59,1 нанограм по метар кубен – речиси 12 пати повеќе од дозволените 5. Во воздухот имало и зголемени количини арсен (8,9 од дозволени 6) и олово (0,75 од дозволени 0,5). Единствено никелот останал во рамките на дозволеното. Од министерството уверуваат дека состојбата веќе е стабилизирана и дека тековните мерења покажуваат нивоа во границите.

— реклама —

Од МЖСПП велат дека објектот во кој избувнал пожарот во Трубарево бил повеќе пати контролиран, а и на денот на трагедијата инспектори извршиле увид и целата документација ја предале во Јавното обвинителство.

Премиерот Христијан Мицкоски најави законски измени со кои подметнувачите на пожари ќе се третираат како терористи, а за фрлање отпад на јавен простор ќе се предвидуваат затворски казни над пет години.

— реклама —


Ова мора да престане. Ќе се заострат сите казни и ќе има јасна порака дека подметнувањето пожар е тероризам врз граѓаните и нивното здравје – изјави Мицкоски.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, пак, потсети дека засега во Парламентот не е пристигнат ваков предлог-закон.

„Кога ќе се најде на дневен ред, мнозинството ќе одлучи дали потпалувачите ќе се третираат како терористи“, рече Гаши.

По зачестените пожари, Владата испрати допис до сите општини да извршат расчистување на дивите депонии, а Државниот инспекторат за животна средина да спроведе вонредни контроли на сите ризични локации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4qlmhm874tgr6Ise1SA

(Фото) Пожар во НП Маврово, зафатени 18 хектари шума

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryo542g98sjjn8bJlZ9Aq

(Видео) Повторно пожар на депонија во Куманово, проблемот трае со години

Настани | пред 2 дена

media-libraryq0682i10e5bi61F1ZRP

Пожар избувна на американски носач на авиони

Свет | пред 6 дена

media-library26271df1rt70aNBf4nV

(Видео) Пожар во Олимпискиот парк во Рио де Жанеиро

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања