Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Министерство за животна средина: Концентрациите на PM10 честички во Трубарево под дозволените граници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Скопје
trubarevo

Просечните концентрации на PM10 честичките во Трубарево се во рамки на дозволените граници, информира Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Според податоците од мерењата спроведени вчера и денеска, просечната концентрација изнесува 9,7 µg/m³, додека максимално измерената вредност била 28,2 µg/m³. Во моментот на завршување на мерењата, вредноста изнесувала 20,1 µg/m³.

— реклама —

„Просечните концентрации на PM10 честичките не ја надминуваат 24-часовната гранична вредност пропишана за заштита на човековото здравје. Овие резултати се во согласност со Уредбата за гранични вредности и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух“, наведуваат од Министерството.

Мерењата биле извршени со автоматски систем AMBICON RTM – PM, нефлометар за реално време со светлосен сноп и циклон селектор, инструмент ES-642 METONE од САД, сертифициран за индикативен мониторинг според MCERTS стандардите на Обединетото Кралство.

— реклама —

Министерството нагласува дека континуирано го следи квалитетот на воздухот со цел навремено информирање и заштита на населението.

Ресорниот министер, Изет Меџити, денеска изјави дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки за санирање на еколошките штети од пожарот во Трубарево.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4qlmhm874tgr6Ise1SA

(Фото) Пожар во НП Маврово, зафатени 18 хектари шума

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryo542g98sjjn8bJlZ9Aq

(Видео) Повторно пожар на депонија во Куманово, проблемот трае со години

Настани | пред 2 дена

media-libraryq0682i10e5bi61F1ZRP

Пожар избувна на американски носач на авиони

Свет | пред 6 дена

media-library26271df1rt70aNBf4nV

(Видео) Пожар во Олимпискиот парк во Рио де Жанеиро

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања