Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Пожарот во Трубарево резултат на незаконско складирање батерии и електронска опрема

објавено пред 7 месеци -

Скопје
trubarevo

Министерството за внатрешни работи денеска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против четири физички лица и едно правно лице со седиште во Трубарево, поради сомнение за кривично дело – загрозување на животната средина и природата со отпад, согласно член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според МВР, прво- и второпријавените, 56-годишниот М.Д. и 26-годишната Л.Д., како соизвршители, спротивно на Законот за управување со отпад и прописите за заштита на животната средина, повеќекратно оставале, фрлале, собирале и транспортирале пратки со опасен отпад – остатоци од електронска и електрична опрема, отпадни батерии, акумулатори и тонери. Тие го складирале отпадот на катастарска парцела во Трубарево, со што предизвикале значително оштетување на почвата и воздухот и создале опасност за животот и здравјето на луѓето во поголеми размери.

— реклама —

Третопријавениот, 43-годишниот В.М., како овластено лице и раководител на подружница, постапувал по насоки на првоосомничениот и ги распоредувал работните задачи на вработените во врска со складирањето и обработката на отпадот. Четвртиот пријавен, 59-годишниот З.С., иако немал формален работен однос, организирал понатамошно одлагање на електронскиот отпад, го примал, складирал, сортирал и механички обработувал надвор од објектите за кои фирмата имала дозвола.

На 13 септември, токму во објектот каде што бил непрописно складиран отпадот, изби голем пожар кој не можеше да се стави под контрола. Огнот зафати најголем дел од складираниот електронски отпад и објектите на подружницата за рециклирање. Согорувањето предизвика масовно испуштање чад, пепел и гасови во амбиенталниот воздух.

— реклама —

„Како последица на тоа, со мерењата на Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на Армијата и на Државниот инспекторат за животна средина утврдена е висока загаденост“, велат од МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 13 часа

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 14 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 14 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања