Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Главниот пилот во МВР летал со валидна дозвола, се гони за лажно инструкторско овластување кое го добил

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
media-librarysgjgl5p3se416P4kAgl

МВР соопшти дека не е точно оти главниот пилот добил кривична пријава затоа што летал без валидна дозвола. Тој има дозвола за управување со воздухоплов, но се гони поради спорно инструкторско овластување. Против Н.А. е поднесена пријава за „Фалсификување исправа“ (чл. 378 ст. 3), бидејќи незаконски впишал овластување TRI BELL 206 во дозволата и го користел како вистинито пред институции во земјава и странство. TRI значи право да обучува и проверува пилоти за хеликоптер „Бел 206“.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Не е точно дека главниот пилот во МВР добил кривична пријава бидејќи претходно летал со хеликоптер без валидна дозвола. Тој се гони оти се стекнал со инструкторско звање без соодветна постапка, соопшти МВР.

— реклама —

Оттаму поднесоа кривична пријава против Н.А. поради сомневање дека тој сторил фалсификување на исправа. Според ова, тој има дозвола за управување со воздухоплов, но му го спорат овластувањето за обучување на други пилоти.

— реклама —

„Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против Н.А., главен пилот во Одделот за воздухопловни единици, поради сомнение за кривично дело „Фалсификување исправа“ по член 378 став 3 од Кривичниот законик. Според пријавата, тој незаконски впишал овластување TRI BELL 206 во својата дозвола и истото го употребил како вистинито во постапки пред надлежни институции во земјава и странство“, велат од МВР.

— реклама —

Станува збор за овластување за инструктор за конкретен тип хеликоптер – „Бел 206“. Ознаката TRI (Type Rating Instructor) значи дека лицето има право да обучува и проверува други пилоти за управување со конкретниот тип воздухоплов, како и да заверува обука и летачки часови.

Такво овластување се стекнува по спроведена специјализирана обука и одобрение од надлежна воздухопловна власт, по што се впишува во пилотската дозвола како официјален податок. Но, МВР има свои правилници, па според неофицијални сознанија на „Скопје1“, пилотот добил звање со министерски потпис согласно интерен акт. Сепак, според поред пријавата, впишувањето во конкретниот случај било извршено незаконски.

Кривичното дело „Фалсификување исправа“ опфаќа внесување невистинити податоци во службен документ или употреба на таков документ како вистинит. Во овој случај, според МВР, спорното овластување било користено во постапки пред институции во државата и надвор од неа, што му дава дополнителна тежина на сомнежот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

falsifikt-evra

Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица

Македонија | пред 1 час

pari-evra-policija

На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра

Македонија | пред 2 часа

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило

Македонија | пред 2 часа

media-library7mlppie6sdaa5jQszjZ

Насилен инцидент зад решетки: Осуденик повреден во Затвор Прилеп

Македонија | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања