Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Голема акција за организиран криминал: 33 осомничени за местење јавна набавка во ЕСМ, штета над 7,6 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryu2c0m9v4n7h1bsWS6d5
Скопје1.мк

Во координирана акција спроведена во ноќта меѓу 17 и 18 декември 2025 година, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, полициски службеници од Одделот за организиран и сериозен криминал извршија претреси на повеќе локации во Скопје и околината, Куманово, Неготино, Велес, Пехчево, Пробиштип и Кочани.

Во рамки на акцијата приведени се 11 лица, а МВР поднесе кривична пријава против 33 физички лица и две правни лица од Скопје и Куманово.

— реклама —

Осомничените се товарат за злосторничко здружување, злоупотреба на постапка за јавна набавка, злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари и други приноси од казниво дело.

Според истрагата, во текот на 2023 година, дел од осомничените формирале организирана група со цел изигрување на постапка за јавна набавка за набавка на „СКАД ормари – мониторинг ормари со ГСМ контролор за топлински станици“ за потребите на ЕСМ Дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје.

— реклама —

По претходен договор, била изготвена техничка спецификација прилагодена за однапред одбран економски оператор. На јавниот оглас се пријавиле две правни лица – едно од Скопје и едно од Куманово.

Правното лице од Куманово поднело непотполна документација и понуда со повисока цена, додека фирмата од Скопје доставила понуда речиси идентична со проценетата вредност на набавката, иако таа не била јавно објавена.

Со ваквото постапување, осомничените овозможиле фирмата од Скопје да го добие договорот, со што се стекнала со противправна имотна корист од 400.400.000 денари без ДДВ, односно 472.470.407 денари со ДДВ (7.682.445 евра), на штета на буџетот на ЕСМ Дистрибуција.

По реализацијата на договорот, дел од осомничените, во периодот од 2023 до 2025 година, вршеле перење пари со цел да го прикријат потеклото и движењето на незаконски стекнатите средства.

Според МВР, во оптек биле пуштени, примени и пренесени 125.556.930 денари, односно 2.041.576 евра, со што било сторено кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 14 часа

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 16 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 16 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања